Она што Џил Бајден го постигнала за само две недели, Меланија не успеала да го постигне ни за 4 години: Бившата прва дама врие од љубомора!

Љубоморна е на наследничката

Само што станала прва дама на Америка, Џил постигнала нешто што на Меланија не ѝ успеало ни за четири години владеење

Медиумското внимание што Џил Бајден (69) го добиваше и пред да стане прва дама на Америка не помина незабележано од страна на Меланија Трамп (50).

Иако сега ѝ пречи медиумскиот интерес за нејзината наследничка, сето тоа можела и сама да го добие  да не одбивала низа такви понуди во текот на своето владеење во Белата куќа.

Имено, Меланија ги одбивала сите медиумски интервјуа. За четири години, колку што траеше владеењето на Доналд Трамп, Меланија не се согласила на ниту едно интервју со медиумите од национална фреквенција.

„Доналд повеќе се нервираше што Меланија не ги краси насловните страници на магазините одошто тоа неа ја погодуваше“, открила Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и застапничка на Меланија Трамп.

Таа работела за убавата Словенка првите месеци по доаѓањето на Доналд на власт, но потоа нивните односи се оладиле. Стефани во својата книга открила сè за својата некогашна пријателка.

Пред заминувањето од Вашингтон, Меланија дознала дека таа всушност била најомразената прва дама на Америка, иако своеволно била омилената членка на семејството Трамп, а сето тоа дополнително се влошило по нападот на Капитол, по којшто ниту еднаш не се огласила за да го осуди насилството.

Не ја одбранува ни фактот што на крајот не се појавила на инаугурацијата на Џо Бајден, иако на почетокот планирала да отиде.

Меѓутоа, твитот на нејзиниот сопруг во кој јасно ставил до знаење дека нема да биде присутен, ја натерал и Меланија да се откаже од сè.

Сепак, како што пишува Си-Ен-Ен, Меланија е љубоморна на својата наследничка која веднаш се вселила во Белата куќа и вработила своја послуга, само две недели по инаугурацијата.

За разлика од неа, Меланија првите пет месеци ги поминала во Њујорк за нејзиниот син Барон да заврши училиште таму, а никогаш немала повеќе од 12 вработени.

Во некои моменти имала само седум вработени, а од друга страна, Џил веќе има десетина вработени и се очекува дека бројката ќе расте.

Иако Меланија наводно му оставила писмена порака за добредојде на семејството Бајден, сè уште не ја контактирала за да разговара со неа и така прекршила уште една традиција.

Џил Бајден досега веќе одржала седум настани, но и говори, во кои се дискутирало за семејствата на американските војници, за превенција на рак, за здравството, образованието…

Може ли Џил Бајден (69) да се рамни со Меланија Трамп (50) во поглед на стилот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.