Црн хороскоп што до детали ги открива најмрачните особини на секој човек: Чувајте се од луѓето родени во знакот Харпија!

Кој знак сте вие?

Во главата на Керберот постојано се коваат планови како да му наштети некому

Дали некогаш сте чуле за црн хороскоп? Тој има поинакви знаци и ја претставува мрачната страна на секој од нив.

Најдете го вашиот знак од црниот хороскоп и дознајте која е вашата најмрачна особина!

Кентаур (8 јануари – 12 февруари)

Кентаурот е пола коњ, пола човек. Тешко му е да ги контролира своите животински пориви и инстинкти. Луѓето родени во овој знак се разликува по својата независност и нескротлива љубов кон слободата.

Харпија (13 февруари – 18 март)

Харпиите во грчката митологија биле ќерки на морскиот Бог Таумант и океанидата Електра. Се персонифицираат со мрачни облаци носени од ветрот. Луѓето родени во знакот Харпија не знаат да опростат, ги помнат навредите сè додека остро не го казнат оној што ги повредил. Многу се одмаздољубиви.

Пегаз (19 март – 24 април)

Во митологијата, Пегаз претставува крилест коњ, син на Посејдон и Медуза. Луѓето родени во овој знак имаат висока самодоверба и мразат да прават работи што мораат да ги прават „обичните смртници“. Многу се себични.

Кербер (25 април – 30 мај)

Керберите едноставно вријат од гнев и омраза. Во главата на Керберот постојано се кројат мисли како да му наштетат некому.

Сатир (31 мај – 3 јули)

Сатирот е шумски демон, получовек и полуживотно. Луѓето родени во овој знак целиот живот го посветуваат на уживањето. Го мразат стареењето и сè што произлегува од него.

Сирена (4 јули – 10 август)

Сирените се најшармантниот и најатрактивниот знак. Но тие пресметано го користат својот шарм за да уништат некого кога го сакаат тоа и да извлечат максимум од своите жртви.

Грифон (11 август – 15 септември)

Ова митско чудовиште со тело на лав и глава, крилја и канџи на орел, е чувар на гробови и ризници. Луѓето родени во овој знак се, во најмала рака, чудни. Ништо не може да ги сопре, бидејќи мислите им се фантастични. Во состојба се и да убијат за своите идеали.

Химера (16 септември – 22 октомври)

Химера е митско суштества, мешавина на лав, змеј и коза. Луѓето родени во знакот Химера одлично изнудуваат, многу се лицемерни и затоа секогаш се извлекуваат од секоја ситуација.

Сфинга (23 октомври – 30 ноември)

Во грчката митологија, Сфингата претставува чудовиште со тело на лав, а глава и гради на девојка. Луѓето родени во овој знак се многу мистериозни, како и самата Сфинга. Благородни се, но многу го сакаат материјалното. Мразат сè што е спиритуално.

Минотаур (1 декември – 7 јануари)

Митско суштество, получовек – полубик. Луѓето родени во овој знак се полни со гнев, исто како и Минотаурот, тие се диви и опасни. Буквално се уништуваат однатре поради гневот и животинскиот инстинкт што не можат да го совладаат.

Индијански хороскоп: Откријте кое животно се крие во вас!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.