Роналдо ѝ го честита роденденот на Џорџина со честитка од Бурџ Калифа (ВИДЕО)

Не е ниту автомобил, ниту накит – подарокот е вреден колку еден стан, а исчезна за неколку секунди!

Кристијано Роналдо одлучи на својата бремена свршеница Георгина Родригез да ѝ го направи 28-от роденден незаборавен.

Двојката со своите четири деца е на роденденско патување во Дубаи, а на социјалните мрежи го споделија и специјалното изненадување.

Имено, роденденска честитка за Георгина се појави на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, која совршено се гледаше од ресторанот каде што познатото семејство беше на вечера.

Светлечката честитка чинела мало богатство, ако се земе предвид дека најниската цена за објава на реклама на кулата е околу 67.000 долари, а ова дефинитивно не беше мала честитка.

Фудбалерот сподели видео од несекојдневната честитка, порачувајќи:

Среќен роденден, љубов моја“, додека пак, славеничката објави повеќе фотографии и се заблагодари:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Вака заврши овој возбудлив ден. Немам зборови… Благодарам, благодаам и благодарам Кристијано, не можеше да ме направиш повеќе среќна на овој ден.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Покрај овој уникатен подарок, на денот на нејзиниот роденден на платформата „Нетфликс“ беше објавен и нејзиниот биографски филм насловен „Јас сум Георгина“ ( Soy Georgina).

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.