Јелена Карлеуша изјави дека поп ја избркал од црквата: Ова е единствената снимка на пејачката од православен храм (ВИДЕО)

Причината е урнебесна!

Фото: Инстаграм

Јелена Карлеуша повеќе пати досега истакна дека не верува во Бог и дека е атеист. Сепак, пејачката ги празнува православните правници Божиќ и Велигден.

Таа во една пригода раскажа за медиумите како им го објаснила (не)постоењето на Господ на своите ќерки Атина и Ника:

На Ника и Атина им објаснив што значи бог… Им кажав дека станува збор за колективна шизофренија, дека луѓето гледаат еден чичко на небото кого никој никогаш го нема видено. Тоа се нарекува шизофренија во психоанализата! Какода се објасни постоењето на нешто што никој никогаш го нема видено?“, истакна Јелена.

На Божиќ 2021 година својата припадност и верувањето ги објасни вака:

Иако сум атеист, со задоволство ги учам децата за традицијата на нашиот народ, но и за традицијата на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Австрија… бидејќи во нас тече крвта на сите тие народи“, напиша Јелена во една објава.

И покрај фактот што денес се изјаснува како атеист, Јелена се согласи да се венча во православна црква со својот поранешен сопруг Бојан Кариќ. Снимките од таа церемонија често се користат на социјалните мрежи за да се покаже дека Јелена многупати во текот на животот ја „менуваше плочата“.

https://www.youtube.com/watch?v=6YeC9ZYSSCA&feature=emb_imp_woyt

Покрај тоа, интересна е една дамнешна изјава на популарната пејачка, која денес се претставува како поп-изведувач.

Не верувам во Господ затоа што уште како мала попот ме избрка од црквата затоа што пеам фолк, а не поп-музика“, му призна Јелена на новинарот Вања Булиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zona sumraka (@zona.sumraka)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.