Во бело од глава до петици? Тоа го може само Марго Роби! (ФОТО)

Смел стајлинг во најстудениот месец во годината…

Неделата на висока мода во Париз собра голем број дизајнери, трендсетерки, модни новинари и експерти, како и познати личности со стил, кои дојдоа да ги проследат пролетните колекции за 2022 година.

За оваа пригода, во градот на светлината се појави холивудската актерка Марго Роби, која го претстави севкупниот гламур на целосно белата комбинација на Шанел.

Долгогодишната амбасадорка на легендарната француска куќа, пркосејќи му на јануарскиот студ, облече предимензиониран капут со интересен крој и  кратки ракави, под кој носеше светкав мини-фустан во боја на шампањско – двете парчиња се од колекцијата на Шанел за пролет 2022 година.

gr (69).jpgМодните детали ги сведе на минимум, избирајќи бели, кожени чизми до глужд, одлично искомбинирани со бела чанта Шанел, дизајнирана да собере само пар безжични слушалки.

gr (67).jpgПрилично смел стајлинг во најстудениот зимски месец, но и многу софистициран и инспиративен, нели?!

gr (66).jpg

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.