Бред Пит и Анџелина Џоли ги надминаа проблемите за да се грижат за своите ќерки по операцијата

Девојчињата ги принудија да се сретнат

Ќерките на Бред Пит и Анџелина Џоли, Захара и Шајло имаа операции оваа година и сега се чувствуваат добро. На 13-годишната Шајло ѝ бил опериран колкот, а за 15-годишната Захара сè уште не се знае за каква операција се работи.

Близок пријател на некогашната двојка за „Е! Њуз“ потврди дека Бред и Анџелина биле многу ангажирани околу девојчињата додека биле во болница. Покрај тоа, Бред го откажал присуството на доделувањето на БАФТА-наградите за да биде со нив.

 

Според изворот, некои од браќата и сестрите секојдневно доаѓале и се грижеле за нив.

Тие беа трпеливи и подготвени да помогнат. Донесоа карти и играа. Тоа навистина покажува дека тие се многу блиско семејство. Анџелина беше особено фокусирана на тоа Захара и Шајло да заздрават што е можно побрзо”, изјавил нивни пријател.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.