Научниците открија: Потребни се пет дена за да се покажат симптомите на коронавирусот

Изолацијата трае минимум 14 дена

Просечно потребни се пет дена за луѓето да почнат да покажуваат симптоми од коронавирусот, потврдија научниците, пренесува Би-Би-Си. Ковид-19, кој може да предизвика покачена температура, кашлица и проблеми со дишењето, се шири низ светот и веќе заболи повеќе од 111.000 луѓе.

Тим на САД анализираше познати случаи од Кина и други земји за да откријат повеќе за болеста. Тие открија дека повеќето луѓе ги развиваат симптомите за околу пет дена. Кај секој човек кој нема симптоми до дванаесеттиот ден не е веројатно дека тие ќе се покажат, но сепак можат да бидат носители на заразата.

Научниците исто така препорачуваат на луѓето кои можеби се заразени – без разлика дали имаат симптоми или не – да се изолираат за 14 дена, за да избегнат ширење на заразата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.