Сите зборуваат за првата средба на Вилијам, Хари, Кејт и Меган: Напнатоста може да се пресече со нож!

Неверојатна глетка

Долгоочекуваната прва средба на двајцата браќа по Мегзит

Принц Хари и Меган Маркл вчера се сретнале очи в очи со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тоа било крајно напната глетка што ја проследиле сите светски медиуми.

Се’ почнало така што кралицата, како да се непослушни деца, ги казнила сите четворица, забранувајќи им да се појават со неа на свечената парада. Тоа значело дека принц Хари и Меган, принц Вилијам и Кејт, ќе дојдат сами и независно од свечената поворка, ќе влезат во црквата и ќе си седнат на своите места.

Така и било. Прво дошле принц Хари и Меган, кои биле сместени покрај принцот Едвард, за подоцна да дојдат Вилијам и Кејт кои седеле пред нив.

Вилијам едвај ги погледнал братот и снаата и кратко ги поздравил, додека Кејт промумлала едно „здраво“ без да погледне во нивниот правец, се свртела и си седнала на своето место.

Тоа биле единствените зборови што четворицата ги размениле.

Кога стигнала кралицата, била придружувана од принцот Чарлс и Камила кои ја прекинале крајно непријатната ситуација така што срдечно се поздравиле со Хари и Меган.

По завршувањето на службата, за време на излегувањето од црквата, прва одела кралицата, потоа принцот Чарлс и Камила, потоа Вилијам и Кејт, а зад нив Хари и Меган.

Експертите за говор на тело велат дека нивниот став издавал дека на сите им е многу непријатно, особено на принцовите Вилијам и Хари, чија претходно силна братска врска, сега целосно исчезнала.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.