Благодарение на овие вежби Адел успеа да ослабе 45 килограми – Тренерот на пејачката го откри тренингот

Три клучни чекори

Адел ослабе 45 килограми и привлече внимание со нејзиниот изглед – сите се прашуваат која е тајната за нејзиното слабеење. Нејзиниот поранешен тренер Пит Герасимо откри три клучни чекори во процесот на слабеење. Пит соработуваше со Адел во период од 4 години, додека таа не се пресели во Лос Анџелес во 2016 година.

„Мојот совет за сите коишто сакаат да внесат промени во својот живот е да ги променат животните навики од корен, а пред сè да бидат трпеливи“, рече Пит.

Три клучни фактори кои го определуваат вашиот успех се: урамнотежен план за исхрана, редовно вежбање, верба во себе.

„Да се биде здрав е многу полесно отколку што мислите“, вели тренерот.

„Тренингот треба да биде дел од вашиот живот за да се чувствувате многу подобро и со леснотија да ги извршувате секојдневните активности“, вели Пит.

Tој додава дека е многу важно да уживате додека вежбате и да изберете вежби кои одговараат на вашиот карактер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.