Сакала да се разубави, а ја нарекуваат МОНСТРУМ: Актерката направила фејслифтинг, ослабнала 76 килограми, но бадијала!

Се уништила

Актерката покажала како изгледа откако ги симнала вишокот килограми и направила фејслифтинг

Актерката Тина Малоун моментално ужива на одмор во Шпанија, заедно со својата 9-годишна ќерка. Таа неодамна му ја покажа својата преродба на светот по успешното симнување на вишокот килограми и направениот фејслифтинг. Во едно неодамнешно гостување на телевизија, Тина открила дека сега се чувствува исклучително привлечно, најпривлечно досега. Се пофалила со својот 60-ти роденден и во интервју за емисијата „Добро утро, Британија“.

Во разговорот за својот физички изглед, Тина истакнала дека сега се чувствува многу помладо. Нејзината неверојатна трансформација подразбира симнување дури 76 килограми и девет различни хируршки зафати, вклучувајќи и операција на желудникот и отстранување на вишокот кожа од рацете, вратот и колковите. Таа исто така поминала низ неколку операции на лицето и дентални корекции. Иако се придржува до строги диети, признала дека и понатаму си дозволува по некој десерт.

Тина од 2010 година е во брак со Пол Чејс, кој е 19 години помлад од неа. Иако многумина ги критикуваат поради разликата во годините и фактот што постарата ќерка на Тина му е практично врсничка на Пол, таа не им обрнува внимание на предрасудите. Исто така, критиките на сметка на тоа што вторпат станала мајка на 50 години за неа се само одраз на недоразбирање, бидејќи таа го живее својот живот онака како што смета дека треба.

Тина споделила и дека изминативе две години биле особено тешки за нејзиното семејство. Карантинот тешко ѝ паднал на нејзината ќеркичка, а тоа што нејзиниот сопруг Пол ја изгубил работата во војска и нејзините намалени актерски ангажмани поради пандемијата, ги довеле до финансиски предизвици. Пандемијата ѝ донела е голема тага, со оглед на тоа што Тина присуствувала на дури 22 погреби на нејзини пријатели.

Беше првиот супермодел и жена со неверојатна убавина: Од многуте операции, комплетно се деформирала!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.