Децата на Вилијам и Кејт не јадат со своите родители ни на празници: Не отстапуваат од ова правило, а причината е бизарна!

Што мислите вие за ова?

Во британското кралско семејство постојат многу строги правила од кои повеќето немаат никаква смисла, но мора доследно да се спроведуваат и почитуваат

Постојат навистина многу правила до кои се придржува британското кралско семејство, а повеќето од нив им се потполно несфатливи на луѓето кои не припаѓаат во тој свет.

Правила за облекување, гестикулации, говор… тешко кој може да разбере пишаните и непишаните правила, кои сите членови мора да ги почитуваат колку и да се чинат тажни и непотребни.

Едно од потажните правила е забраната за децата на принц Вилијам и Кејт Мидлстон да јадат на иста трпеза со родителите на празници и службени вечери. Принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ јадат во комплетно одвоена просторија, тврди поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди.

„На децата не им е дозволено да седат со возрасните додека ја научат умешноста за водење пристоен разговор“, открил тој за Harper’s Bazaar.

Ако се прашувате дали понекогаш постои исклучок, никогаш не се отстапува од ова правило, дури ни за празници како Божиќ, кога традиционално се собира целото семејство на празничната трпеза.

„Децата секогаш јадат во детската соба додека пораснат доволно за да се однесуваат соодветно на трпезата“, додал готвачот и ја објаснил важноста на дадилката за кралските деца.

„Дадилката отсекогаш имала контрола врз менито и се грижела децата да јадат урамнотежени оброци, кои вклучуваат не само многу здрав зеленчук, туку и нови јадења за возрасни“, навел Мекгрејди кој работел 15 години за покојната кралица Елизабета.

Камила УКИНУВА едно од кралските правила на Елизабета Втора: Новата кралица не сака да владее по стариот систем
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.