Ѝ бил љубовник на Леди Ди, а се зборувало и дека му е татко на Хари: Еве како изгледа и со што се занимава поранешниот офицер денес!

Поранешен офицер

Поранешниот љубовник на принцезата Дајана бил фотографиран додека пазарел

Поминаа 24 години од трагичната смрт на принцезата Дајана, а британската и светската јавност со децении ги споредува фотографиите на офицерот Џејмс Хјуит (62), поранешниот љубовник на никогаш прежалената Леди Ди, со сликите на принцот Хари.

Големата сличност на војводата од Сасекс со човекот со кого неговата мајка била во петгодишна врска во 1980-те години и денес интригира, поради што многумина веруваат дека тој му е всушност татко на Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sloane Ranger (@sloane_rangers_)

Своевремено, тој ги демантирал овие претпоставки.

„Не, не сум му татко“, рекол тој.

Сепак, озборувањата и понатаму продолжуваат, а тој вели дека тоа е така затоа што тие продаваат весници.

„Јадно момче, нему потешко му падна тоа одошто на мене“, рекол тој.

Поранешниот мајор бил фотографиран како влече количка полна со намирници откако излегол од супермаркет во британскиот град Ексетер.

Ветеранот од Заливската војна, кој ѝ се приклучил на војската во својата 20-та година, за пазарењето ставил вратоврска од Гардиската бригада.

Името Џејмс Хјуит ѝ стана познато на јавноста во 1991 година, кога неговата тогашна свршеница обелоденила дека ставила точка на нивната врска поради аферата на мајорот и принцезата Дајана.

Петгодишната љубовна афера на принцезата и поранешниот офицер на војската започнала од 1986 година, кога бил ангажиран да ѝ држи на принцезата приватни часови по јавање.

Откако аферата се открила во јавност, Џејмс повеќепати бил обвинуван од страна на јавноста дека сакал да заработи од таа романса, бидејќи се обидел да ги продава љубовните писма што му ги испраќала принцезата.

Во 1990-те години бил на раб на самоубиство, а како што и самиот признал во едно интервју од 2011 година, мајка му Ширли му го спасила животот, поради што многу ѝ е благодарен.

Потоа, доживеал мозочен удар и денес живее со мајка му (92), а за живот заработува така што ги одржува куќата и градината во блокот каде што живее мајка му.

Љубовникот на принцезата Дајана конечно проговорил: „Ѝ кажав да внимава!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.