Љубовникот на принцезата Дајана конечно проговорил: „Ѝ кажав да внимава!“

Нови детали

Хаснат Кан од прва рака открил како изгледало тоа наговарање

Поранешната голема љубов на покојната принцеза Дајана, Хаснат Кан, проговорил во врска со интервјуто што лејди Дајана го дала за новинарот Мартин Башир во емисијата „Панорама“ на Би-Би-Си. Кардиологот, чија врска со Дајана започнала во 1995 а завршила кратко пред нејзината смрт во 1997, сега тврди дека новинарот Башир ја искористил.

„Една од нејзините најпривлечни особини беше нејзината ранливост. Поради тоа и ја засака јавноста. Подоцна сфатив дека Мартин копал по тие рани и ги искористил“, рекол Кан (62), инаку хирург за срце и бели дробови, Британец со пакистанско потекло.

„Беше многу упорен со Дајана. Се претставуваше како некој од Би-Би-Си, некој угледен, па дури и многу побожен. Но ѝ ја наполни главата со ѓубре“, рекол Кан, познат по тоа што е многу повлечен и дискретен и навистина ретко зборува јавно за својата врска со Дајана.

Кан раскажал дека по разговорот со Башир, Дајана почнала да верува дека принц Чарлс имал афера со дадилката на нивните синови, Тиги Лег-Бурк, а станала параноична и поради приказната за микрофони и прислушување телефони.

„Имаше нешто што не ми се допаѓаше кај него“

Откако со Дајана го запознале Башир во паб, Кан ја предупредил принцезата да биде многу внимателна.

„Од самиот почеток на разговорот почна да ме прашува многу директни лични прашања за Дајана и нашата врска. Зошто не сме се венчале? Кога мислиме да се венчаме? Такви работи. Имаше нешто кај тој Башир што не ми се допаѓаше. Ѝ кажав да биде внимателна со него“, се присетил хирургот.

„Секако, не сум наивен. Знаев дека еден дел од Дајана сакаше да даде интервју, но моето прашање е кога Мартин Башир не би бил таму и не би ја убедувал, дали некогаш би го сторила тоа?“, додал тој.

Во декември избил голем скандал во врска со најпознатото и најконтроверзното телевизиско интервју во кралската историја во емисијата на Би-Би-Си „Панорама“. Меѓу оние што барале потполно независна истрага, среде која се нашле и Би-Би-Си, бил и братот на покојната Лејди Ди, лорд Чарлс Спенсер. Постојат наводи кои тврдат дека водителот Мартин Башир лажел и подметнувал лажни документи за да ја наведе принцезата да ја раскаже својата страна на приказната, а Би-Би-Си наводно знаеле за тоа.

Првиот Божиќ во кралското семејство бил „сурова“ лекција за принцезата Дајана: Тазе снаата била посрамотена
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.