Адријана, Изабел Гулар, Анастасија и Софија Милошевиќ на трибините: Убавиците се собраа да навиваат, сите зборуваа за нивниот моден избор

Бројни познати дами беа на трибините на вчерашното натпреварување на Србија и Бразил во Катар. Тоа беше вистинска ревија на убавина и блескав стил.

На трибините беа сопругите и децата на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси, Ања, Андреа и Марко.

Ања Валенте и Андреа Стојковиќ маѓепсуваа со убавината како и нивната мајка Снежана, која со изгледот ги воодушеви сите на Инстаграм.

Натпреварот во живот го гледаше и познатата бразилска манекенка Адријана Лима, која пред неколку дена отпатува во Катар.

Силна поддршка на српскиот тим даде и познатата стилистка и ќерка на легендарниот Радомир Антиќ, Ана Антиќ.

Долгогодишните пријателки со следеа натпреварот заедно и апсолутно беа на висина на модната задача, што се очекуваше тоа од нив. Преубави и прекрасно стилизирани.

Со Адријана Лима беа и нејзините ќерки Сиена и Валентина, како и партнерот Андре Лемер.

Прекрасен стил на трибините покажа и пејачката Анастасија Ражнатовиќ, која е девојка на српскиот репрезентативец Немања Гудељ.

Пејачката собра бројни коментари на својот инстаграм-профил.

Бразилската манекенка Изабел Гулар носеше прекрасна нијанса на сина боја и модерната и елегантна фризура.

На трибините беше и сопругата на српскиот голман Милан Борјан, Снежана Филиповиќ – Борјан.

За жал, српската репрезентација го изгуби натпреварот со 2:0 за Бразил.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.