Злоупотребувал жени, обвинет за канибализам, семејството се откажа од него: Актерот Арми Хамер сега целосно се повлече од јавноста, еве што прави!

Хорор!

Животот на актерот неодамна доживеа пресврт, а во документарниот филм кој е снимен за неговото семејство, се наведува дека и татко му и дедо му имале слични тенденции!

До средината на 2020 година, Арми Хамер беше почитуван актер од помладата генерација, кој дури беше номиниран за Оскар. Ѕвездата на филмовите „Викај ме по име“ и „Смрт на Нил“, Арми Хамер (36) година и половина е во центарот на вниманието поради обвинувањата и контроверзиите поврзани со неговиот приватен живот.

Кога тој и неговата сопруга, актерката Елизабет Чемберс, објавија дека се разведуваат во јули истата година, се чинеше како само уште еден наслов во медиумите. Двојката беше во брак 10 години, а беа заедно 13 години и имаат две деца.

Меѓутоа, од тој момент почнаа да излегуваат на површина нивните „валкани алишта“, како и разните морбидни обвинувања против актерот. Во јануари 2021 година, жена која се идентификуваше како Ефи, со објавата на Инстаграм ја крена прашината.

Таа тврди дека имала четиригодишна врска со Хамер, за време на која тој ѝ испраќал графички и насилни текстови за фетиши и фантазии за силување, канибализам и неговата желба да ѝ ја „испие крвта“.

Таа ги објавува сите текстови и слики што наводно ги добила од Хамер, како и пораките што наводно ги добила од другите поранешни партнери.

Жените ми приоѓаа со своите приказни за аферите, додека разговаравме, обземени од тага, пишува таа во едно стори на Инстаграм.

Еден ден подоцна, Хамер доброволно го напушти снимањето на филмот со Џенифер Лопез, „Свадба со пушка“, а во улогата го замени Џош Духамел.

Обвинувањата само продолжија, кога и другите жени решија да ги разоткријат мрачните потези на Арми. Една од нив е извесната Кортни Вучековиќ, која тврди дека била во врска со него од јуни до октомври 2020 година. Во изјава за „Пејџ сикс“, таа изјавила дека актерот емотивно ја малтретирал, ја принудувал на разни сексуални експерименти, и направил дека да не се чувствува безбедно.

Ми направи некои работи поради кои не се чувствував удобно. Поради некоја причина, ме убеди дека овие работи се во ред и ме стави во некои страшни ситуации, каде што не бев добро, а и пиеше многу, рече таа.

На Интернет протекоа уште многу слики од снимките, како и слика од другиот инстаграм-профил на Хамер, на кој се прикажани врзани жени. Хамер во некои свои интервјуа отворено зборуваше и за неговата опседнатост со фетиши, како и за неговите склоности кон садо-мазо.

Друга негова поранешна партнерка, Пејџ Лоренц, го раскажа своето искуство:

Добив пораки во кои ми испраќаше фотографии од мене како сум врзана, за кои не знаев. Не ни знаев дека сликите постојат, ниту како изгледаат, рече таа и додаде дека за време на врската актерот ја повредувал, имал насилни односи и се сликал без нејзина согласност.

По скандалот, Холивуд сврте грб на поранешната ѕвезда во подем. На последните фотографии актерот беше виден како бесцелно талка во искината маица, и е видно запоставен. Според информациите, од него се откажало и неговото семејство, а тој моментално се наоѓа на Кајманските острови каде работи како управител на станбен објект.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.