Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека првото дете со сопругот: Познатите милијардери ќе станат баба и дедо!

Шоубизнис

Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека првото дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.

Џенифер Гејтс (26) објави радосна вест на Денот на благодарноста со прекрасна фотографија на Инстаграм.

Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година. Како што изјави таа за „Вог“, тоа бил тежок предизвик да организираат прослава сред пандемијата и семејните околности, имајќи на ум дека нејзините родители тогаш веќе беа разделени, после повеќе од две и пол децении од бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Прославата траела два дена, била организирала од експертот за венчавање Марси Блум, при што ја чинеше околу два милиони долари, а меѓу бројните познати гости биле Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.

Потсетуваме, Мелинда и Бил Гејтс беа во брак од 1994 до 2021 година. Покрај Џенифер, ја имаат ќерката Фиби и синот Рори.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.