Голем интерес за „U&Z Influencer Awards 2022“: Бидете и вие дел од најголемиот избор за инфлуенсери во нашата земја!

Побрзајте со пријавување!

Пријавувањето за U&Z Influencer Awards 2022 е во тек, а интересот досега е огромен. Како и претходните изданија, така и сега, кандидатите имаат можност да избeрат во која категорија сакаат да се натпреваруваат.

Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup се дел од категориите кои може да ги изберете и да се натпреварувате и, се разбира, на крајот да освоите награда.

Право на учество имаат сите инстаграм-профили кои објавуваат содржини и комуницираат со своите следбеници на македонски и англиски јазик. Победниците на категориите се избираат со комбинација на гласовите од читателите и следбениците на магазинот „Убавина и здравје“ и гласовите на стручното жири на списанието „Убавина и здравје“.

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници на Инстаграм. Испратете мејл на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил.
Повеќе детали за правилата на избор на овој ЛИНК.

 

Пријавувањето трае до 30 ноември, а прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и статуетките ќе се одржи на свечена забава во декември.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.