U&Z Influencer Awards 2022: Заврши пријавувањето – се ближи гласањето (ВИДЕО)

Светот го вртат инфлуенсерите!

Заврши пријавувањето за годинешниот U&Z Influencer Awards 2022, чиј генерален покровител е MENTOS, што значи дека и официјално започнува „трката“ за највлијателните инфлуенсери во нашата земја.

Пријавени се над стотина учесници, од кои ќе биде направена селекција и ќе се изберат сите што ги исполнуваат условите за да бидат дел од овој избор.

Како што веќе ве информиравме, ќе се одвиваат два избора, од кои едниот ќе биде наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови.

Категориите во кои ќе се натпреваруваат се следни:

Категорија: Beauty – поддржана од „AURA

Категорија: Lifestyle – поддражана од „Herbalife

Категорија: Fashion – поддржана од „Violeta

Категорија: Make up – поддржана од „Essence

Категорија: Food – поддржана од „FINO

Поддржувачи на четвриот U&Z Influencer Awards 2022 се и компаниите „А1“, „Jägermeister“, „Jaffa“, „Lajthiza Water“  како и „Ederra Rooftop“.

Инаку, вториот избор е предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки.

Нив треба да ги предложите вие на нашата имејл-адреса или во коментар под оваа објава, а победниците ќе бидат одбрани од страна нашите лојални клиенти и соработници на самите инфлуенсери, маркетинг-агенции и регионална жири-комисија.

Водител и оваа година ќе биде шармантниот и духовит водител – Марко Новевски.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.