„На нејзиното лице се гледа болна омраза, сега сè е јасно“: Меган Маркл објавила слика што ја открива вистината за Кејт Мидлтон

Што мислите вие?

Меган Маркл во новиот документарец покажала фотографија од Кејт Мидлтон која ја открива вистината за тоа каква е новата принцеза од Велс

Вчера беше објавен првиот официјален трејлер за новиот документарец на Нетфликс, кој ќе ги покаже интимните моменти од животот на Меган Маркл и принцот Хари.

Првиот поглед на документарецот, чија премиера ќе биде на 5 декември, вклучува приватни фотографии од заедничкиот живот на двојката, вклучувајќи ги и нивната венчавка, патувањето во Африка и бременоста на Меган.

https://twitter.com/netflix/status/1598287753774477312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1598287753774477312%7Ctwgr%5E7fa8d12e4105df0ea6413d050d4f8f4b8c894751%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F191037%2Fmegan-markl-objavila-sliku-koja-otkriva-istinu-o-kejt-midlton

Освен мигови на среќа, се прикажуваат и потешкотиите со кои се соочувале под кралските рефлектори. Во еден момент се гледа како Меган брише солзи, а двојката е прикажана и во напната ситуација на церемонијата за денот на Комонвелтот во 2019 година – нивниот последен настан со кралското семејство пред да се повлечат од своите кралски функции.

Токму овој момент од краткото видео привлекол најголемо внимание. Црно-белата фотографија ги прикажува Кејт Мидлтон и принцот Вилијам како седат покрај кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила. Она што на сите им паднало в око е ледениот израз на лицето на некогашната војвотка од Кембриџ, а сегашна принцеза од Велс.

Не беше потребно многу време за да се распространи оваа фотографија на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека ова е вистинското лице на Кејт Мидлтон – ладно, дистанцирано и со голема доза на непријателство.

Најинтересно е што само неколку секунди пред да се прикаже оваа фотографија, се слуша како принцот Хари вели: „Никој не знае што се случуваше зад затворени врати.“

Секако, веднаш почнаа да се нижат коментари, а ова се само некои од нив:

„Ова е буквално шлаканица во лицето на Кејт Мидлтон“, „Меган повторно се труди да ја прикаже како негативец“, „Убаво се гледа болната омраза на нејзиното лице, сега сè ми е јасно“, „Ледена кралица“, „Застрашувачки поглед кој ме плаши.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.