Името го добила по „небесна ѕвезда“, а во филмот на Емир Кустурица, Никол Кидман не успеала да глуми поради една причина!

Шоубизнис

Оскаровката не доби улога кај познатиот режисер.

Никол Кидман важи за една од најдобрите актерки во Холивуд, што го потврдуваат нејзините улоги во филмовите и освоените награди.

Родена е во 1967 година на Хаваите. Иако се стекна со слава како Никол, малкумина знаат дека славната актерка при раѓањето добила друго име, Хокулани, што во превод значи „небесна ѕвезда“. Таа го добила ова необично име по едно слонче кое се родило на исти ден како неа во зоолошката градина во Хонолулу.

На четиригодишна возраст со семејството се преселила во Австралија. Првата улога ја добила во 1983 година во филмот “Days of Thunder“ и тогаш нејзината кариера тргна во нагорна линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

За филмот „Мулен Руж“ во 2002 година ја доби првата номинација, за која дозна за време на снимањето на филмот „Догвил“. Сепак, иако таа година не успеа да ја добие златната статуа, само една година подоцна во нејзини раце беше Оскарот за главната женска улога во филмот “Hours“.

Таа стана првата Австралијка која ја освоила најпрестижната награда во Холивуд. Никол требаше да глуми во филмот „Белиот хотел“ на познатиот режисер Емир Кустурица, но иако се беше договорено, поради бомбардирањето во Србија во 1999 година, тоа не се оствари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.