Прогласени највлијателните во 2023 година: Influencer Awards 2023

Забава за паметење

Бура од емоции, прекрасни луѓе, одлична атмосфера…

Во саботата (на 9 декември), во празничниот амбиент на Ragusa 360 Rooftop се одржа гламурозно доделување на петтите U&Z Influencer Awards, во организација на највлијателниот магазин кај нас и во регионот „Убавина и здравје“.

И овој пат, како и претходните четири, водител беше шармантниот Марко Новески, а беа наградени нови, но и веќе добро познати инфуенсери од нашата земја.

Главен покровител на настанот беше Mentos, така што сите гости имаа можност да уживаат во свежината и во препознатливиот и ненадминлив вкус на добропознатите бонбони.

И годинава, како лани, долгогодишната бренд-менаџерка на Mentos, Моника Миленкоска ја обезбеди поддршката на овој проект препознавајќи ја важноста заеднички да направиме нешто за заедницата на инфлуенсери преку организација на овој избор.

Silver партнерот на U&Z Influencer Awards 2023 беше козметичкиот бренд Catrice, кој со години им е еден од омилените брендови токму на домашните и светски инфлуенсери.

Пријатели на У&З Influencer Awards:

  1. Компанијата А1, која е покровител на категоријата Art & Entertainment.
  2. Компанијата за декоративна козметика АУРА Козметика, која покровител на категоријата Beauty.
  3. Покровител на категоријата Life Style CeraVe.
  4. Покровител на категоријата Fashion e Batiste.
  5. Покровител на категоријата MakeUP e нашиот Silver partner, Catrice.
  6. Покровителот на категоријата Food е премиум-брендот во категоријата домаќинство, FINO.
  7. Покровител на категоријата Insta Man е „Евофарма“ со револуционерниот Revalid Triple Active шампон DS.

Други пријатели на манифестацијата се: Pierre Cardin Cosmetics, вејповите Vuse GO, Versace, Love Guru, револуционерниот крем кој е познат помеѓу инфлуенсерите во светски рамки – Ретинол кремот А313.

#refresh партнери на гала-забавата:

Џин SAX, вотка Titos, Пивара Скопје, Champagne Wall, кои се погрижија многубројните гости да го изберат својот пијалак за добредојде – француско просеко или жесток shoots, а за да останат одлично хидрирани учесниците во изборот и многубројните гости во Ragusa 360 Rooftop се погрижија од Ecotip преку иновативниот систем за филтрирање вода Water Logic.

За расположените за здравици, тука беше и препаратот Myrakl, кој ги ослободи од мамурлакот утредента.

Мало појаснување за изборот

Проектот UIZ Influenser Awards има цел да ја истакне инфлуенсерската заедница, како и луѓето кои позитивно влијаат на нашите животи преку својата личност, знаење и експертиза и секако содржина што ја креираат и споделуваат на своите инстаграм-профили. Добитниците беа поделени во две групи:

  1. Инфлуенсери со потврдено влијание #InfluencerStars
  2. Иинфлуенсери кои допрва ќе се наметнат во заедницата, #InfluenserNewStars

Инфлуенсерите во групата New Stars се пријавија на повикот на „Убавина и здравје“ во десет категории и се потрудија да се истакнат со креативни објави во кампањата, а покровителите ги оценуваа нивните објави и ги обраа победниците.

Веќе познатите и етаблирани инфлуенсери, Influencer Stars, кои со своите професионални ангажмани придонесуваат за своето големо влијание, ги номинира редакцијата, а маркетинг-агенциите гласаа за по 10 номинирани инфлуенсери во секоја категорија и збирот од нивните гласови ги определи победниците. 

Победници:

1 Категорија Fashion – поддржана од Batiste:

New Star e Луна Стефановска (@stefanoskaluna), а Influencer Star e Маја Кикириткова (@majakikiritkova). 

2 Категорија Beauty – поддржана од AURA:

New Star победничка – Бојана Димчова (@bojanadimcovaa).

Influencer Star – Mарина Христовска (@hristovskamarina).

3 Категорија Life Style поддржана од Cerave.

New Star победничка Симеона Томова (@siimeona)

Influencer Star – Антонија Локвенец (@antonijalokvenec)

4 Категорија MAKE UP, поддржана од Catrice.

New Star победник Јован Кароски (@jovankaroski).

Influencer Star победничка е Меги Медичи (@maggiemedici.makeup.skincare).

5 Категорија Art & Entertaiment, поддржана од А1.

New Star е Ема Вандера (@emmwandera).

Influencer Star е Теона Сима (@thelanguageblondie).

6 Категорија Food, поддржана од FINO.

New StarМартина Илова (@_somethinsmellsgood_)

Influencer Star Дејан Главчев (@glavcevdejan).

7 Категорија Insta Parents:

New Star – Ангела Бебекоска Главчев (@bebekoska).

Influencer Star – Евгенија Ризова (@rizovaenn).

8 Категорија Fitness:

New Star – Симона Ристовска (@Sim_Fit Coach).

Influencer Star – Даниел (@mojtrener.mk).

9 Категорија Travel:

New Star – Христијан Маџовски (@hristijanmadzovski)

Influencer Star – Ана и Мане (adventure.mk).

10 Категорија Insta Man:

New Star – Марјан Велевски (@marjan.velevski.3)

Influencer Star – Иван Наумовски (@thebassbaritone)

Презентери во десетте категории беа нашите познати личности: Светлана Црнокрак, Милена Антовска Станковска, Милош Андоновски, Ана Марија Јанковиќ, Бранко Огњановски алијас Миле Паника, Никола Мишковски, Таско, Борко Ристовски, Ване Маркоски и Јована Стојменовиќ.

По крајот на церемонијалниот дел и прогласувањето на победниците, забавата можеше да почне, а за неа се погрижија The Ringtones и диџеј Freeky.

ФОТО: Стефан Трпески, Горан Десковски, Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.