По стапките на мама и тато: Нина Црнокрак е новата Little Miss PLANET 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Браво девојки!

Пред неколку дена во Бугарија, односно во Варна – Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023.

Во конкуренција на Little Miss Planet победи нашата Нина Црнокрак (11г), а во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора(15г) и Лаура (17г) Стефанови. Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент.

Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности се најде и Светлана Црнокрак.

Нина, Лаура и Дебора на финалето кое се одржа во хотелот Асториа на Златни песоци, се претставиja во модели на Јасмина Дракул, специјално изработени за оваа пригода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.