Кој ќе биде новиот инфлуенсер на годината? Пријавете се на U&Z Influencer Awards 2022!

Подготовка, внимание, лајк!

Во тек е пријавивањето на веќе добро познатиот, најкоментираниот и најочекуваниот избор U&Z Influencer Awards 2022, кој се одржува четврти пат во организација на компанијата „Колор медиа плус“, која е издавач на највлијателниот магазин за жени во регионот „Убавина и здравје“.

И оваа година во рамките на конкурсот истовремено ќе се одвиваат два избора, од кои едниот ќе биде наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови.

Прогласени се победниците на Influencer Awards 2020

Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници на Инстаграм. Испратете мејл на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Lifestyle и Makeup.

Пријавувањето трае до 30 ноември, а прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите и статуетките ќе се одржи на свечена забава во декември.

На сите кандидати ќе им бидат доделени одредени задачи што ќе треба да ги исполнат, за да си ги зголемат шансите да бидат прогласени за победници во својата категорија!

Право на учество имаат сите инстаграм-профили кои објавуваат содржини и комуницираат со своите следбеници на македонски и англиски јазик. Победниците на категориите се избираат со комбинација на гласови од читателите и следбениците на магазинот „Убавина и здравје“ и гласовите на стручното жири на списанието „Убавина и здравје“.

Вториот избор е предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки. Нив треба да ги предложите вие на нашата имејл-адреса или во коментар под оваа објава, а победниците ќе бидат одбрани од страна нашите лојални клиенти и соработници на самите инфлуенсери, маркетинг-агенции и регионална жири-комисија.

Предложете ги вашите омилени инфлуенсери и зголемете им ги шансите да бидат прогласени за Influencer Star на гламурозната забава во декември.

Со учество, односно испраќање на потребните информации, учесниците на натпреварот ги прифаќаат овие правила и без дополнителни прашања и одобрување го овластуваат организаторот да ги собере и обработи наведените лични податоци заради спроведување на натпреварот и на сопствените маркетинг-активности. Учесникот може во секое време да побара да се одјави за да не добие такви известувања.

„Колор медиа плус“ ќе ги преземе сите разумни неопходни мерки за да осигури дека личните податоци на учесниците се обработуваат и користат на безбеден начин и во согласност со законот.

Не пропуштајте ја шансата! Ги очекуваме вашите пријави и предлози до 30 ноември 2022 на redakcija@ubavinaizdravje.mk!

ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ ИНФЛУЕНСЕРИ БЕА ПРОГЛАСЕНИ ЗА ПОБЕДНИЦИ МИНАТАТА ГОДИНА:

Вечер за паметење: Еве кој освои статуетка на U&Z Influencer Awards 2021 (ФОТО)

Фото: Александар Вржалски

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.