Вечер за паметење: Еве кој освои статуетка на U&Z Influencer Awards 2021 (ФОТО)

Погледнете како беше на најдобрата забава за оваа 2021 година!

Вчеравечер, на 14.12 (вторник), во организација на магазинот „Убавина и здравје“, се одржа третото доделување на наградите U&Z Influencer Awards, во чии рамки беа избрани и наградени нови, но и веќе етаблирани инфлуенсери.

Од над педесетина пријавени нови инстаграм-ѕвезди, на гала-вечерта беа одбрани седум најдобри, но беа прогласни и десетте најуспешни инфлуенсери што веќе го имаат докажано своето влијание во дигиталниот простор.

Секој од нив има различно занимање, интерес и талент. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи. Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници.

Платинум-спонзори на годинешните U&Z Influencer Awards беа „А1 – Македонија“ и „Аура-козметик“.

Погледнете кои беа одбраните победници од новите ѕвезди, на кои им предвидуваме блескава иднина:

Во категоријата Beauty, чиј поддржувач беше „Ауракозметик“, победи Александар Ризов.

Во категоријата Fashion, која беше под покровителство на компанијата „Матос“ и нивните парфеми „Матос“, победи креативниот битолчанец Алмин Емрулов.

Ана Крстановска е новата ѕвезда во категорија Healthy Food, категорија што беше поддржана од „Виталија“.

Во категорија Lifestyle победи креативниот инстаграм-профил на кучето Лу Кокер, домашен миленик на Ангела Милевска, која стои зад неговите преслатки фотографии. Поддржувач на оваа категорија беше Sax Gin.

Николина Шапе од Крушево победи во категорија Travel, поддржана од осигурителната компанија „Sava“.

Во категоријата Insta Parents победник беше Радмила Миленковска, а кучето Лу Кокер се закити со уште една награда, овојпат во категоријата Art & Entertainmnet.

Покрај новите ѕвезди, беа одбрани и 10 најдобри веќе влијателни и етаблирани инфлунесери. За нив гласаше жири-комисија составена од маркетинг-агенциите „Директ“ и „Пиксел“ , како и од поддржувачите на овој настан.

Александра Трпеска (@majestic.at) победи во категоријата Fashion.

Кристијан Станковски или познат на социјалните мрежи како Бомбакис (@bombakis), победи во категорија Entertainmnet.

Фросина Ангеловска (@frozi_fran) ја освои наградата во категорија Beauty.

Софија Јанева или на Инстаграм позната како Adventures With Janeva (@janeva) победи во категорија Travel.

Боро Секуловски (@boro.kosa) се закити со титулата „најдобар инфлуенсер“ во категоријата Art.

Титулата Insta Man замина во рацете на Стефан Спирковски (@stefan_spirkovski).

Сања Ристиќ на Инстаграм позната како @sanjalala ја доби статуетката во категоријата Insta Parents.

 Мартина Трајаноска (@martinascookingg) победи во категоријата Food.

Бојан Гиевски се закити со наградата – најдобар во категоријата Lifestyle

 


Водител на годинешните U&Z Influencer Awards, беше водителот Марко Новески, а за време на целиот настан гостите се освежуваа со пијалаците и закуските на „Јегермајстер“, „Фантинел“, „Виена“, „Тазе“, „Скопска пивара“, „Ладна“ „Виолета“ и други…

За музичкиот дел одговорни беа Бока Конга и Боби Сакс, кои направија забава за паметење.

Во продолжение погледнете кој сè присуствуваше на U&Z Influencer Awards 2021.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.