Сите мислеа дека е скриена камера: Вака изгледала венчавката на Здравко Чолиќ, сите се шокирале кога ги виделе на ливада!

Интересно...

Пејачот Здравко Чолиќ со години е во среќен брак со Александра со која добија две ќерки, Уна и Лара. Неговата венчавка крие интересни детали кои не биле достапни за јавноста.

Со сопругата Александра е во брак преку 20 години, а заедно ги добија ќерките Уна и Лара, но венчавката на Чолиќ останала непозната, се до неодамна. Имено, пејачот во едно интервју се присетил на тој голем ден, но фотографии од церемонијата не се достапни. На музчката ѕвезда свежи му се сеќавањата од тој ден…

„Ние двајца се венчавме спонтано на Први мај. Сите мислеа дека е скриена камера, бидејќи тргнавме на излет. Долго бевме во врска, па беше џа или бу. За да траат врската и бракот, мора да постојат почит и пријателство – се присетил легендарниот пејач во едно интервју за „Story“ и додал дека венчавката била еден од неговите најубави денови во животот.

„Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а со текот на времето започнавме и врска. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, се грижи за моите грижи“ – изјавил пејачот.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе