Сигнали што кучето ги испраќа пред да нападне и касне: Ова е првиот знак на предупредување!

Како да препознаете агресија кај куче

Експертите нагласуваат дека кај некои кучиња нема знаци на предупредување

За жал, нападите на кучиња не се ретки, како на домашни, така и на улични кучиња.

Како да препознаете агресија кај куче?

Причините за агресивното однесување на кучето се различни, но пред сè, треба да се обрне внимание на тоа како ние се однесуваме кон тоа куче, односно мора да видиме колку добро информирани сме за тоа како кучињата покажуваат знаци кои претходат на агресија.

Експертите нагласуваат дека секогаш треба да се биде внимателни, бидејќи кај некои кучиња преминот од една фаза на предупредување во друга е многу брз, а кај некои изостануваат одредени форми на предупредување.

Најважно е да се обрне внимание на знаците што укажуваат на тоа дека на кучето му е неугодно.

Првиот показател што повеќето кучиња го покажуваат е обидот да побегнат од изворот на стрес. Ги спуштаат ушите на главата и заминуваат. Ако во некој случај не може да замине, тоа ќе го залепи телото на подот и ќе ја подвитка опашката. Ќе биде потполно вкочането и ќе гледа во еден правец.

Следниот знак е ‘ржење. Тогаш треба да се оддалечите од животнот.

Експертите предупредуваат дека ако го казнувате ‘ржењето, тоа непосредно доведува до прескокнување на сите преостанати сигнали на предупредување, па така доаѓа до агресија.

Тропкањето со забите е уште еден показател кој му претходи на каснувањето, а воедно и последниот знак на предупредување.

Потоа, следи напад од кучето.

Вака се однесува кучето кога ќе почувствува болест кај сопственикот: Може да предосети 5 опасни состојби и 3 неверојатни работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.