Вака се однесува кучето кога ќе почувствува болест кај сопственикот: Може да предосети 5 опасни состојби и 3 неверојатни работи!

Верувале или не, докажано е дека кучињата можат да помирисаат рак на белите дробови од здивот на својот сопственик!

Освен што може да се дресираат да наоѓаат исчезнати луѓе и скриена дрога, експлозиви и други предмети, кучињата, благодарение на своето силно сетило за мирис, можат да откријат болести кај сопственикот. Притоа, зборуваме за просечен домашен миленик, а не за посебно обучени животни.

„Кучешкото сетило за мирис може да ги осети единиците во трилиони молекули, а тоа е нешто што може да се спореди со капките вода во олимписки базен. Имаат 40 пати повеќе рецептори од човекот и благодарение на тоа, кучињата можат да ја помирисаат буквално секоја промена на нашето тело.

Сето тоа што го менува нашиот мирис, дури и на молекуларно ниво, кучето може да го осети. Проблемот е во тоа што мора да научиме кои состојби или болести нè менуваат до тој степен што тоа станува забележливо за кучињата, за потоа да можеме да ги научиме да реагираат и да ни помогнат да си го спасиме животот. Сепак, треба да се напомене дека кучето не е машина, па тоа што ќе го помириса не е секогаш 100% точно. За одредени болести и состојби, таа веројатност е многу висока и се движи до 80%, но и понатаму постои можност тоа да биде само веројатност, а не факт“, откриваат ветеринарите.

Британските научници моментално развиваат робот што ќе може да ги анализира молекулите на мирисот слично како кучињата, за да може да им помогне во дијагностицирањето рак на дојка и да го предвиди степенот на малигност на карциномот, но тоа е далеку од реализација.

Ова се деветте неочекувани состојби што кучето може да ги открие за својот сопственик, благодарение на своето сетило за мирис…

1. Паркинсонова болест и мигрена

Оваа идеја ја начнала жена од Шкотска, која инаку има суперсетило за мирис и дури шест години пред појавата на Паркинсонова болест, забележала дека нејзиниот сопруг има поинаков мирис. Потоа, во Манчестер почнале да работат на тренинг на кучиња кои би можеле да ја детектираат појавата на оваа болест. Дополнително, откриле дека кучето може да помириса кога на човекот ќе му се појави мигрена.

2. Промени во нивоата на шеќер во крвта

Научни истражувања потврдиле дека кучињата можат да помирисаат пад на нивоа на глукоза во крвта. По мирисот нашата пот точно можат да одредат во каква состојба сме, што им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес. Посебно тренирани кучиња можат да им помогнат да откријат проблемот и пред да се појават опасните симптоми, па можат навреме да земат лек или да побараат помош. Во такви ситуации, кучето ќе покаже знаци на стрес и ќе се обиде да го привлече вниманието на сопственикот.

3. Карцином

Поради карциномот, клетките функционираат поинаку одошто кај здрав човек, забрзано се делат за да може туморот да расте. Оштетените клетки произведуваат специфичен протеин, кој кучињата можат да го помирисаат. Докажано е дека кучињата можат да помирисаат рак на бели дробови од здивот на својот сопственик, или рак на простатата и бубрезите од мирисот на урината. Исто така, постојат верувања дека кучињата можат да ги помирисаат промените на клетките на кожата и да откријат меланом, како и рак на дебело црево. Во одредени светски клиники, дури и се користат посебно тренирани кучиња, кои можат да помирисаат рак на дојка во рана фаза.

4. Идентитет

Повеќето луѓе ги препознаваат другите по тоа како изгледаат, но не и кучињата. Тие за препознавање се потпираат на својот нос. За кучињата, секој човек има единствен мирис, како отпечаток од прст. Експертите тврдат дека кучињата можат да помирисаат познати луѓе или места, дури и ако тој мирис е измешан со парфем. Освен тоа, кучињата разликуваат идентични близнаци само по мирисот. Таа способност, полицијата и другите служби ја користат кога треба да бараат изгубени луѓе или во други итни ситуации.

5. Епилептичен напад

Кучињата можат да откријат дека сопственикот ќе доживее епилептичен напад 45 минути пред да дојде до него. Иако не се знае точниот механизам на откривање, се претпоставува дека кучето го чувствуваа посебниот мирис што човекот го испушта пред нападот. Во тој случај, кучето може чудно да се однесува, да лае или да ‘ржи. Исто така, за време на нападот, кучињата најчесто остануваат покрај своите сопственици, чувајќи ги.

6. Знае дека сте допирале друго куче

Кучињата меѓусебно си испраќаат пораки со феромони, хемиско соединение што се лачи преку урината, кожата, крзното и фекалните материи. Ако сте посетиле пријател што има куче, вашиот миленик ќе го знае тоа. Ќе ве помириса кога ќе стигнете дома за да открие со кого сте се дружеле. Информацијата што ќе ја добие вашето куче му кажува за која раса станува збор, колку е големо кучето и дали е здраво. Ако е пољубоморен тип, можно е да почне да се однесува навредено и да одбива контакт.

7. Бременост

Секоја, па дури и најмалата промена во нашиот телесен мирис, кучето веднаш ќе ја помириса. Ако сте бремени, телото минува низ хормонални промени кои вашиот миленик едноставно не може да ги игнорира. Експертите откриваат дека кучето може многу рано да ја открие бременоста на сопственичката само по мирисот и начинот на движење на телото. Со оглед на тоа што сте станале нова личност за него, би можело да го промени однесувањето кон вас.

8. Бура и ураган

Кучињата се поповрзани со природата од луѓето. Со мирисање на воздухот можат да предвидат и најмали промени во временските услови. Дополнително, имаат изострено сетило за геомагнетно поле и вибрации, па нивното предвидување на временските промени може да биде многу точно.

9. Адисонова болест

Станува збор за болест на надбубрежната жлезда која може да го доведе пациентот во животна опасност, бидејќи често паѓаат во несвест и им треба оживување. Кучето го чувствува тоа и почнува чудно да се однесува.

10 најдобри кучиња чувари: Многу се мили, додека не им ги допреш сопственикот, децата или домот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.