Навики за убавина што треба да престанете да ги правите затоа што ја уништуваат вашата кожа

Здравата кожа е најубавата кожа и конечно ја усвоивме минатата година кога не бевме во можност да излеземе и немаше потреба да се шминкаме.

Ние сме суштества од навика и кога ќе научиме да правиме нешто на одреден начин, а особено ако го видиме како делува, се држиме до тоа, што може да биде одлично кога станува збор за нега на кожата, но има и навики кои можат да делуваат против нас . Дури и ако забележиме иритации или појава на нови брчки, ние се држиме до својата рутина не знаејќи што всушност ни штети. Но, најдобра рутина е онаа што се менува во зависност од сезоната и потребите на нашата кожа. Еволуираме, се менуваме, изложени сме на загаден воздух, сонце и стрес кои влијаат на нашата кожа, затоа треба да бидеме внимателни што ѝ правиме на нашата кожа и да бидеме флексибилни кога станува збор за рутина. Подолу ви ги донесуваме најчестите грешки што ги правиме и лошо влијаат на нашата кожа и време е да ги смениме.

Не користејте тап брич

Оваа навика може да предизвика сериозни проблеми. Држете го жилетот остар, чувајте го на суво место по употреба, што ќе ги намали шансите за бактериски или габични инфекции. Исто така, многу е важно темелно да го исплакнете бричот. Ако не го сторите тоа, сапунот и кремот за бричење ќе се исушат помеѓу сечилата и вашиот брич ќе стане тап.

Фрлете ги производите со поминат рок на употреба

Производите што ги нанесуваме на нашата кожа имаат рок на траење и без оглед дали сте ги користеле или не, време е да се ослободите од нив во одреден момент. Секој производ има свој рок на траење, така што може да ја користите маскарата до 3 месеци, туш за очи 6 до 12 месеци, сенка за очи околу една година (ќе трае подолго ако ги миете четките), производи за усни околу една година (ќе приметите по мирисот), основа за пудра и пудри од 6 месеци до една година, производи за коса до една година, итн. Секој производ што го имате подолго време – проверете го рокот на траење.

Често менувајте ја навлаката за перница

Нечистотијата на вашата перница може да биде невидлива, но верувајте ни, тоа влијае на вашата кожа. Спиењето на валкана перница може да предизвика иритација на кожата следниот ден, но може да ги заглави и порите. Обавезно менувајте ја навлаката за перници еднаш неделно, ако не и почесто.

Исчистете го лицето од шминка пред тренинг

Од дерматолошка гледна точка, шминката и потта никогаш не се добра комбинација. Кога ви е топло, вашето тело природно се лади со потење и таа пот излегува низ порите. Меѓутоа, ако имате слој шминка на лицето, потта нема каде да оди. Така, потта, бактериите и шминката се заробени во порите што водат до појава на акни. Без грижа, никој на тренинг не е претставителен, ниту треба да биде, вашиот фокус треба да биде на тренингот, а не на пудрата за лице.

Престанете да одите на солариум

Солариумите не се во ред. Престанете да мислите дека овој начин на сончање е здрав, бидејќи редовната посета на солариумот само повеќе ѝ штети на кожата. Таквата кожа е склона кон забрзано стареење и ризикот од рак на кожата се зголемува. Секогаш користете крема за сончање и покријте го вашето тело со облека и капа за време на голема топлина.

Редовно мијте ги четките за шминка

И ова правило, исто како и да се нанесува заштитен фактор на лицето секој ден, никогаш нема да се повтори доволно пати. Еднаш неделно е оптимално правило за миење на четки за шминка, ако ги користите само вие (не препорачуваме да ги споделувате четките со други луѓе). Замислете го целото масло и бактерии што четките ги собираат од вашето лице секој ден и само се размножува додека траат. Исто така, од вишокот шминка што останува на вашата четка, се формираат и бактерии и нечистотии, поради што вашата кожа, без разлика колку е чувствителна, е склона на иритации, осип и црвенило. Инвестирајте исто така во антисептик спреј што ќе го нанесете на четката секој пат кога ќе се нашминкате, за да го отстраните вишокот шминка од неа и да го намалите размножувањето на бактериите.

Прочитајте и: Дали знаевте дека кожата на лицето не треба да се брише по туширање?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.