Принц Вилијам виден првпат по драматичното интервју: Ова се тешки денови за него и за неговото семејство!

Видно потресен

Во интервјуто за коешто сигурно уште долго ќе се зборува, принц Хари раскажувал и за братот Вилијам, кој бил фотографиран првпат откако јавноста го видела разговорот со Опра

Принц Вилијам бил виден првпат по шокантното интервју на неговиот брат принц Хари и Меган Маркл.
Вилијам бил фотографиран додека се возел низ Лондон, а притоа со него било едно од неговите три деца. Британските медиуми нагласуваат дека принцот изгледал уморно и потресено, што не е ни чудно по сè што раскажал неговиот помал брат.

Имено, принц Хари зборувал и за нивниот однос  за време на интервјуто.

„Нашиот однос е таков што си дадовме простор еден на друг во моментов. И времето лечи сè, се надевам. Секогаш ќе бидам тука за него. Секогаш ќе бидам тука за моето семејство и се обидов да им помогнам“, рекол Хари.

„Го сакам Вилијам до дното на душата. Тој ми е брат. Поминавме низ пекол заедно. Го делевме истото искуство. Но знаете, сега сме на различни патишта“, додал тој.

Хари раскажал дека тој бил заробен во кралското семејство, но дека тоа и понатаму е случај со брат му.

Инаку, односот на принцовите отсекогаш бил комплексен, а како што кажал Хари, поминале низ тешки работи во детството. Ја изгубиле мајка им, принцезата Дајана во автомобилска несреќа во 1997 година кога Вилијам имал 15 години, а Хари 12.

„Нивниот однос е неверојатно интимен и никој освен тие двајца, дури ни нивниот татко Чарлс, не знае што се случува во нивните срца и глави во последните 20 години. Ја изгубија својата мајка и само тие меѓу себе можат да зборуваат на таа тема“, објаснил еднаш Ендру Мортон, автор на биографијата за принцезата Дајана.

Сепак, браќата со текот на времето се оддалечиле и сè поретко можевме да ги видиме во јавност како се смеат додека зборуваат. Гласините за караницата меѓу нив почнале во 2018 година, кога Меган Маркл инсистирала таа и Хари да се преселат во Frogmore Cottage во Виндзор, место што е пооддалечено од палатата Кенсингтон во која живеат Кејт Мидлтон и Вилијам.

Претпоставките дополнително ги зајакнал потегот на принцовите да ги раздвојат своите кралски, хуманитарни организации. Со текот на времето, браќата ја замениле својата блискост со натпреварувачки дух, а се пишувало и дека Кејт и Меган се во лоши односи и дека токму тие се виновни што нивните сопрузи се оддалечиле.

„И двајцата треба да вложат труд за да го обноват нивниот однос. Харис не му завидува на Вилијам поради одговорноста што ја добил со оглед на тоа што е идниот англиски крал, но она што му пречи  е што неговиот брат се смета за златно момче и чувствува дека треба да направи многу за да се изедначи со него или да го надмине“, рекол извор за американските медиуми кон крајот на 2019.

Јавна поддршка за Меган Маркл од Бијонсе и Серена Вилијамс: Еве како ја одбранија од напаѓачите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.