Девојката на Милош Биковиќ му го честиташе роденденот: Без ниту еден напишан збор, покажа што е љубов! (ФОТО)

Парот се крие од очите на јавноста, но...

Еден од најуспешните и најпопуларни српски актери, Милош Биковиќ вчера на 13 – ти јануари го прослави својот 34 – роденден, а се разбира, не изостана честитката од неговата преубава девојка, правничка од Црна Гора, Ивана Малиќ.

Милош својот приватен живот не го експонира јавно, а во тоа го поддржува и неговата девојка, која на Инстаграм има само една заедничка фотографија со него, која ја објавила после неколку месеци од нивната врска.

Меѓутоа, убавата Ивана не оддолеала а да не му честитита роденден на социјалните мрежи. Иако немала класична честитка со зборови, Ивана објавила слика со Милош.

На фотографијата тие двајца позираат во едно кафуле, а судејќи по гардеробата, сликата е направена летото. Покрај објавата, Ивана го тагирала Милош и додала емоци со роденденска торта и две срциња.

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.