Ако сакате да изгубите 15 килограми за две недели ова е диета за вас!

Фото: Getty Images

За оваа диета се вели дека помага да се загубат од 7 до 15 kg за 15 дена, но, со оглед на тоа што е мошне рестриктивна, најдобро е да се консултирате со лекар пред да ја почнете.

На балканските простори мошне е позната т.н. ВМА диета, што всушност е двонеделен план за исхрана од Воено-медицинската Академија во Белград и која многумина ја практикуваат за да загубат и од 7 до 15 kg за 15 дена.

Оваа диета била креирана од лекарски тим со цел да им се помогне на пациентите побрзо да ослабат пред операција.

Со оглед на тоа што станува збор за диета што е осмислена за пациентите да се чувствуваат добро пред операција, од неа наводно не се забележува омалаксаност, замор и исцрпеност.

Исто така, не би требало да чувствуваат вртоглавици од прегладнетост (но зависи од организмот), а нервозите и раздразливоста наводно треба да бидат сведени на минимум.

Се смета дека идеален период кога се држи оваа диета е крајот на зимата и почетокот на пролетта, но сепак може да се држи во кој било период од годината.

Што смее, а што не смее да се консумира?

Оваа диета е со цикличен карактер, што значи дека таа се состои од три циклуси што траат по пет дена. По завршувањето на тие три циклуси, задолжителна е двонеделна пауза.

Секој ден има по три оброци, а паузата помеѓу секој оброк треба да биде од 4 до 5 часа.

Шеќерите од секаков вид се забранети во оваа диета. Не смеат да се консумираат никакви вештачки засладувачи, солта е дозволена во минимални количини, а алкохолот е забранет.

Задолжително, секој ден треба да се пијат по 2 литри вода, a може да се консумира и лимонада или зелен чај.

Оброците треба да се земаат по ред и да не се прескокнуваат, а вечерата се препорачува до 20 часот.,

Исто така, пушачите треба да се откажат и од цигарите во овој период, бидејќи се препорачува избегнување на никотин за време на диетата.

Појадок

Појадокот сите пет дена е ист и се состои од:

  • 1 портокал
  • 1 парче двопек
  • Филџан кафе или чај (без засладувач)

    Распоред за ручек и вечера:

    Ден 2

    Ручек:

    • 1 варено јајце
    • 2 лажици кисела павлака, кисело млеко или јогурт
    • 1 двопек
    • 1 портокал

    Вечера:

    • 1 до 2 парчиња двопек
    • 2 варени јајца
    • 1 домат
    • 1 краставица

    Ден 2

    Ручек:

    • 1 варено јајце
    • 2 лажици кисела павлака, кисело млеко или јогурт
    • 1 двопек
    • 1 портокал

    Вечера:

    • 1 двопек
    • 1 плескавица (125 g мелено јунешко месо) пржена на малку масло
    • 1 домат
    • 1 портокал

      Ден 3

      Ручек:

      • 1 варено јајце
      • 2 лажици кисела павлака или кисело млеко
      • 1 свежа краставица
      • 1 портокал

      Вечера:

      • 1 двопек
      • 1 плескавица (125 g мелено јунешко месо) пржена на малку масло
      • Филџан кафе или чај без шеќер
      • 1 портокал

      Ден 4

      Ручек:

      • 1 парче двопек
      • 125 g младо кравјо сирење
      • 1 домат

      Вечера:

      • 2 парчиња двопек или 8 крекери
      • 1 плескавица (125 g мелено јунешко месо) пржена на малку масло
      • 2 домати

      Ден 5

      Ручек:

      • 200 g варено јунешко месо
      • 1 парче двопек
      • 1 домат

      Вечера:

      • 1 варено јајце
      • 500 g варен зеленчук

      За време на оваа диета можете слободно да се занимавате со полесни вежби, но доколку професионално се занимавате со спорт, тогаш е неопходно да се консултирате со лекар или со нутриционист пред да ја почнете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.