Вака се развива коронавирусот од минута во минута – Седмиот ден е најкритичен

Првите симптоми можат да се забележат и после пет дена од заразата

Во типични случаи, ова е начинот на кој се развива коронавирусот од ден во ден. Бидете внимателни на симптомите и најбитно од се е да не се паничи. Се започнува со треска. Тоа е симптом што се појави кај сите пациенти заразени од коронавирус, пренесува Business Insider.

Еве како се развива коронвирусот од минута во минута:

1 ден

Пациентот добива треска, исто така може да почувствува замор, болки во мускулите и сува кашлица. Малкумина заразени, исто така, имаат гадење на ден или два пред тоа. Околу 10 % од 138 пациенти имале дијареја или гадење.

5 ден

Пациентите може да имаат потешкотии при дишењето, особено ако се постари или имаат здравствени проблеми порано.

7 ден

Во просек, ова е период во кој пациентите се примаат во болница, според студијата на универзитетот Вухан. Ако, исто така, чувствувате болка во градите или притисок на седмиот ден, немате воздух или имате сини усни и лице, треба да побарате лекарска помош. Исто така, пациентите со полесна форма на корона (85 проценти од заразените) почнуваат да се чувствуваат подобро во овој период додека симптомите се намалуваат.

Ден 8

Во овој период, овие 15 проценти од пациентите со сериозен развој на коронавирус развиваат синдром на акутен респираторен дистрес, т.е. акумулација на течности во белите дробови (едем). Тоа е итен случај што може да се појави кај луѓе кои претходно имале здрави бели дробови.

10 ден

Ако симптомите се влошат, пациентите ќе бидат примени на интензивна нега во овој период. Пациентите, исто така, пријавиле болки во стомакот и губење на апетит во овој период.

17 ден

Оние пациенти кои се опоравуваат се ослободени од болница по околу две и пол недели.

“Бизнис Инсајдер“ забележува дека првите симптоми не мора да доаѓаат веднаш кога некое лице е само заразено. Просечен пациент може да биде заразен пет или повеќе дена и само тогаш ги покажува првите симптоми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.