Силниот имунитет е пресуден: 3 предлога за бомбастичен појадок што врие од витамини и влакна!

Поздраво од ова – нема!

Појадокот е најважниот оброк во денот, а ние ви предлагаме рецепти што се одлични за здравјето и продуктивноста

Смуди

Состојки:
  • 1,5 шолја бадемово млеко
  • 1 лажица амла
  • 1/4 лажица куркума во прав
  • 1/4 лажица црн бибер
  • 1 лажица ленено семе
  • 1/4 шолја гел од алое вера
  • 1 лажичка зелен чај
  • 1 лажичка цимет
  • 1 сушена урма
  • шака темнозелен зеленчук – кељ, спанаќ
  • 1-2 шолји зрнесто овошје (свежо или замрзнато) – капини, боровинки, малини, јагоди…
  • 1 помала банана

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер, а по желба можете да додадете и малку каенски бибер или ѓумбир, босилек, свежо цеден сок од лимон. Наместо зрнесто овошје, може да користите манго, круши, јаболка…

Бомбастична овесна каша

Состојки:
  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 3 лажици семе од коноп
  • 2 лажици чиа семки
  • 2 лажици ленено семе
  • 1-2 лажици иситнети сушени урми
  • 1 лажица органски здрав засладувач
  • шака зрнесто овошје – малини, боровинки, грозје, јагоди…
  • 1 лажичка куркума во прав
  • 1 лажичка прехранбен квасец
  • прстофат цејлонски цимет
  • 1/2 лажица сирово какао во прав (по желба)

Приготвување:

Овесните снегулки можете да ги прелиете со топла вода или да ги сварите малку. Додајте ги сите преостанати состојки и промешајте.

Каша со боровинки и чиа семе

Состојки:
  • 1 лажица чиа семе
  • 3 шолји растително млеко или домашен јогурт
  • 2 лажици јаворов сируп или некој друг природен засладувач
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 до 2 шолји боровинки (свежи или замрзнати)

Приготвување:
  • Прелејте ги чиа семмките со растително млеко, па додајте јаворов сируп и ванила, па добро промешајте.
  • Оставете ги 15 минути да набабрат, а потоа додајте ги боровинките.
  • На крајот, ставете ги во фрижидер и оставете ги да отстојат 15-тина минути.
  • Потоа додајте ги боровинките.

Пробајте го и овој идеален појадок за слабеење: бурито со јајца и зеленчук.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.