Страшна слика – Вака изгледаат белите дробови на заразен пациент од коронавирус

Жолтата боја покажува колку штета нанесува коронавирусот на ткивото на пациентот

Докторите од Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, ја подигнуваат свеста за опасноста од коронавирусот, па објавиле и ЦТ снимка од белите дробови на заразен пациент од коронавирус.

Познато е дека смртоносниот коронавирус предизвикува симптоми како што се висока телесна температура, сува кашлица и гушење, правејќи голема штета на белите дробови.

Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, објавила видео на кое е прикажан 3Д модел на ЦТ скенирање на белите дробови, на кој жолтата боја покажува колку штета нанесува коронавирусот на ткивото на пациентот.

САД води голема и тешка борба со пандемијата на коронавирусот, а досега заразени се 311.637 луѓе, починати 8.454 луѓе. Бројката на закрепнати пациенти изнесува 14.828.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.