Нов предупредувачки аларм за ковид-19: Болното црвенило на кожата е знак дека сте заразени

Дерматолозите открија нови симптоми

По респираторните симптоми, губењето на вкусот и мирисот, сега се појавуваат и кожните манифестации на ковид-19.

Во соопштението за печатот, Националниот синдикат на дерматолози-венеролози на Франција, предупредува за симптомите кои можат потенцијално да се појават на кожата во случај на заболување како резултат на коронавирусот. Односно, ненадеен почеток на понекогаш болно црвенило и привремени лезии на осип“, јави дописникот на МИА.

Групата ВатСап со повеќе од 400 дерматолози (независни и болнички), организирани во нивниот синдикат, јавуваат за лезии на кожата, поврзани со знаци на ковид-19, се наведува во нивното соопштението.

Синдикатот, притоа, ги наведува симптомите за кои станува збор.

 Станува збор за акросиндроми (појава на псевдо-смрзнатини на екстремитетите), ненадејно појавување на понекогаш болно црвенило и повремени лезии на копривњача”.

Синдикатот на дерматолози притоа предлага доколку се појават овие симптоми на кожата, веднаш да се консултираме со лекар.

Анализите на многу случаи пријавени во синдикатот покажуваат дека овие манифестации можат  да бидат поврзани со Ковид-19. Ние ја предупредуваме јавноста и медицинската професија со цел што побрзо да ги откриеме овие потенцијално заразни пациенти (без нужно да покажат знаци на потешкотии во дишењето)”, стои во соопштението на синдикатот на дерматолозите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.