Најчестите симптоми на рак на бели дробови што не треба да се игнорираат: Многу се подмолни, а еве како да ги препознаете навреме!

Не играјте се!

Еве како да ги препознаете најчестите симптоми на рак на бели дробови што можат да бидат многу подмолни

Ракот на бели дробови е немилосрдна болест и има највисока стапка на смртност од сите други малигнитети. Раното откривање е еден од најважните предуслови за успешно лечење. Доколку се открие навреме, шансите за преживување се помеѓу 70 и 80 отсто. Ако се задоцни, шансите се минимални.

Ракот на бели дробови е подмолен и честопати не покажува јасни симптоми за да можат луѓето да се посомневаат дека се сериозно болни. Симптомите на се специфични. Заболените чувствуваат проблеми, но не ги поврзуваат со белите дробови, а честопати и ги занемаруваат. Затоа, обрнете внимание на следниве непријатности кои можат да бидат симптом на оваа болест.

Упорна кашлица

Честата и долготрајна кашлица што трае подолго од неколку недели изискува итна посета на лекар. Истото важи ако пречесто ви се случуваат инфекции на дишните органи.

Ненадејно слабеење

Ако не држите диета и не сте ги промениле навиките во исхраната, а килограмите се топат и видно слабеењето, тоа е алармантно. Секое ненадејно губење килограми е знак на предупредување. Клетките на ракот бараат многу повеќе енергија од здравите клетки, затоа трошат и повеќе калории. Освен тоа, влијаат и врз хормоните што го контролираат апетитот и желбата за храна се намалува.

Болка во градите

Не е само срцето причина за болка во градите. За жал, тоа се и белите дробови. Чувството на силно прободување или тапата болка што се повторуваат можат да бидат симптом на карцином, зависи од местото каде што се појавиле.

Постојан умор

Ако добро спиете, а имате постојано чувство на умор кога ќе се разбудите, проверете ги и белите дробови меѓу другото. Речиси 80 отсто од пациентите со карцином велат дека чувствувале неопишливо чувство на умор, за кој не ја знаеле причината.

Засипнатост

Засипнатоста што трае подолго од две недели изискува неодложен лекарски преглед. Туморот што се вгнездил во градниот кош ги притиска нервите во гркланот, што ги поместува гласните жици. Ако не сте настинати, не сте зборувале премногу ниту сте пиеле премногу ладни пијалаци или сте пееле до зори – веднаш одете на пулмолог.

Губење на здивот

Отежнатото дишење и недостиг од воздух можат да бидат знак дека туморот што расте го оштетил и нервот што е поврзан со дијафрагмата. Тоа доведува до ниска концентрација на кислород во крвта и заболените се борат за здив, не знаејќи ја причината за тоа.

Искашлување крв

Секое „плукање“ крв е лош знак чија причина итно треба да се провери. Не мора да биде карцином, но сфатете го овој симптом сериозно.

Неопходно е да се остават цигарите

Ракот на бели дробови најчесто ги погодува пушачите. Загрозени се и пасивните пушачи, оние што не пушат, но вдишуваат чад од тутун. Никогаш не е доцна да престанете со оваа лоша навика, бидејќи секоја година без цигари значително го намалува ризикот да се разболите – во тој случај, здравите клетки постепено ги заменуваат оштетените во белите дробови. По 15 години од прекинувањето со пушење, поранешните пушачи се изложени на ист ризик како и непушачите.

Пулмолози предупредуваат: Поради игнорирањето на овој симптом, пациентите предоцна го откриваат ракот на бели дробови!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.