Цинкот не може сам да се избори со коронавирусот: Овие два витамина се клучни во превенцијата и лекувањето!

Совет на доктор Џозеф Меркол

Многу експерти ја поддржуваат оваа теза

Витамините Ц и Д од неодамна се користат за лекување на новиот коронавирус, тврди доктор Џозеф Меркол.

„Критичните заболени со коронавирус добиваат големи дози витамин це во најголемиот болнички систем во Њујорк. Доктор Ендру Вебер, пулмолог и специјалист за интензивна нега, на своите пациенти со коронавирус им дава 1.500 мг витамин Ц интравенозно“, открил тој.

Потоа, идентични количини од силниот антиоксиданс повторно се воведуваат три или четири пати на ден, рекол доктор Вебер. Шемата на лечење се заснова на експерименталното лечење на луѓето во Шангај и во Кина.

„Пациентите што примале витамин Ц се чувствувале значително подобро од оние што не примале витамин Ц“, рекол доктор Вебер и додал дека нивото на витамин Ц кај пациентите со коронавирус нагло опаѓа кога нивниот организам претерано реагира на инфекцијата.

Според Вебер, витаминот Ц се користи во комбинација со антималариски лек, хидроксихлорокин и со антибиотик, кои исто така дале добри резултати во лечењето коронавирус.

Витамин Ц ефикасно лекува сепса

Витаминот Ц се користи за лекување сепса од 2017 година. Важно е да се напомене дека лекувањето нема несакани појави, а во 2009 година се покажало дека витамин Ц е ефикасен лек против свинскиот грип, така што јасно е зошто кинеските и американските лекари се надеваат на неговата помош во борбата со коронавирусот.

Важноста на витаминот Ц е нагласена за време на пандемијата на САРС

Уште во 2003 година, за време на пандемијата на САРС, фински истражувач се повикал на истражување за употребата на витамин Ц, откако научниците покажале дека го намалува траењето и јачината на настинката кај луѓето и значително ја намалува осетливоста на белите дробови на воспаленија. Тогаш, докторите напишале:

„Неодамна е идентификуван нов коронавирус како причина за тежок акутен респираторен синдром (САРС). Во недостиг на специјален третман, треба да се разгледа можноста дека витаминот Ц може да има неспецифично влијание врз некои вирусни инфекции на дишните патишта. Постојат бројни извештаи дека витаминот Ц може да влијае врз имунолошкиот систем, на пример врз функцијата на фагоцитите, трансформацијата на Т-лимфоцитите и производството на интерферон. Конкретно, витамин Ц ја зголемува отпорноста на инфекцијата на птичји коронавирус.“

Неверојатна претпоставка на шефот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести за витаминот Д

Витаминот Д е уште една силна компонента во превенцијата и лекувањето на грипот. Иако изгледа дека витаминот Д нема директно влијание врз самиот вирус, тој го зајакнува имунитетот, што му овозможува на домаќинот поефикасно да се бори против вирусот. Исто така, ги спречува воспалителните процеси. Ако се земаат заедно, тоа може да направи витаминот Д да биде корисен против ковид-19.

„Мое тврдење дека витаминот Д може да го намали ризикот од инфекции јавно е потврден на 24 март, 2020 година. Постојат многу наводи за чудесно излекување, но науката ја поддржува можноста, иако не е доказ, дека витаминот Д може да го зајакне имунолошкиот систем, особено кај луѓето со ниско ниво на овој витамин“, наведува доктор Меркол.

Додатокот на витамин Д го намалува ризикот од респираторни инфекции, го регулира производството на цитокин и може да го ограничи ризикот од други вируси, како што е грипот.

Моментално, не се знае дали дефицитот на витамин Д игра каква било улога во тежината на ковид-19. Повеќето луѓе произведуваат витамин Д во кожата кога е изложена на сонце. Околу 15 минути директна сончева светлина дневно е доволна за да се произведе вистинската количина на витамин Д.

Препораки за витамин Ц и Д

Врз основа на достапните научни докази, нема причина да се игнорираат витамините Ц и Д поради превенција од ковид-19 и други респираторни инфекции. Ако не ви помогнат во борбата против коронавирус, сигурно нема ни да ви наштетат, но секако ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви помогнат полесно да се изборите со болеста.

Јодот е најмоќното природно средство против вируси: Вака ги убива сите патогени за 90 секунди!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.