На почетокот од бракот, актерот тешко се разболел: Кога сите се откажале, таа останала покрај него цели 30 години!

Вистинска љубов!

Мајкл Џеј Фокс и Трејси Полан докажале дека нивниот брак не е само љубовна врска туку духовна заедница

Има ли поголемо проклетство од тоа да имаш сѐ, а потоа сѐ да изгубиш? Оваа приказна не е за загуба или за болест, ова е приказна за голема храброст и за голема љубов и покрај сите препреки.

Приказната на Мајкл Џеј Фокс и неговата сопруга Трејси Полан е вистинска љубовна приказна со среќен крај.

https://www.instagram.com/p/BVJQ7g1hTRT/

Како почнало сѐ?

Во 1991 година Мајкл Џеј Фокс почувствувал необични симптоми. Сѐ се случило одненадеж. Прво дошло до повремено тресење на дланките, а потоа на целите раце и рамена. Дијагнозата била Паркинсонова болест.

Актерот ја напушта главната улога во серијата „Лудиот град“, бидејќи симптомите му ја попречуваат работата. Лекарите тогаш му соопштуваат дека му останале околу 10 години живот. Но денес велат дека Фокс е феномен! Мајкл повеќе не се плаши и вели дека се прилагодил на болеста, па поради тоа не ја доживува како нешто страшно.

Неговата сопруга му станува најголема поддршка

Неговата сопруга Трејси Полан е негова потпора во животот. Таа му дава сила, причина да се бори. Меѓутоа, и двајцата заслужуваат орден поради тоа што опстанале во брак триесет и нешто години.

Почнале да се гледаат во далечната 1985 година. Таа година заедно играле љубовен пар во една серија. Им требале две години за да ја официјализираат врската.

https://www.instagram.com/p/B8kLDtiFNdP/

Се венчале во 1988 година, за веќе во 1991 година, болеста да надвисне над нивниот среќен брачен живот.

Парот одлучил да ја крие болеста од јавноста

Сега, Фокс признава дека болеста ја променила динамиката на неговото семејство. Сето тоа ги довело до неверојатни луѓе и места. Трејси секогаш била покрај него.

https://www.instagram.com/p/B-2jio9j_kN/

„За нас нормално е да останеме заедно за време на тежок период. Пораснавме во моментот кога дознавме за болеста“, признава таа.

Парот има четири деца и одлично функционираат

Во едно интервју кај Опра, Мајкл рекол:

„Понекогаш кога ќе ја погледнам Трејси имам две чувства: Едното е дека таа станува сѐ поубава секој ден, и уште едно поважно кога ќе се погледнам себеси и ќе си кажам: ’Ти си паметен дечко. Направи добар избор!’“

https://www.instagram.com/p/B6mDJZfjooN/

Мајкл е уверен дека неговата сопруга е неверојатна личност, бидејќи му дава чувство на достоинство. Тој ја цени својата жена и ѝ е благодарен што останала покрај него. Звучи многу едноставно, но понекогаш тешко е да се постигне тоа во бракот.

Тајната на долгиот брак

Сите имаме тешки моменти. Еднаш, еден новинар ги прашал Мајкл и Трејси како се справуваат со тие тешки денови, а тие одговориле:

„Треба само да се прифатат некои работи, како што е Паркинсоновата болест и да не се сожалуваш себеси.“

https://www.instagram.com/p/B29szJ5jT6i/

Трејси вели дека не се сите денови тешки, бидејќи 99% од нивниот живот не се определени од болести на нејзиниот сопруг.

„Филозофијата на животот не комплицирана. Морате само да го извлечете најдоброто од животот и да го прославите тоа“, тврди Фокс.

Кога им било најубаво, таа починала: После Наташа, ниту една друга жена не била доволно вредна за неговата љубов!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.