Кога им било најубаво, таа починала: После Наташа, ниту една друга жена не била доволно вредна за неговата љубов!

Љубовна приказна

„Душо, паднав на снег“, биле последните зборови што Лиам ги чул од усните на неговата сопруга

Ниту денес, по толку години од трагичната несреќа на скијалиштето која била смртоносна за актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг, славниот актер Лиам Нисон, не го преболел фактот дека веќе ја нема.

„Никогаш не се помирив со нејзината смрт, ниту ќе се помирам. Сѐ уште, во некои моменти, кога ќе чујам дека се отвора вратата, уверен сум дека ќе влезе и ќе ми каже нешто“, рекол Нисон пред три години во емисијата „60 минути“, присетувајќи се на смртта на саканата сопруга.

https://www.instagram.com/p/B-Z2zGNo_xC/

А нивната љубовна приказна била како од филмско сценарио на најромантичниот филм. Лиам Нисон и Наташа Ричардсон се запознале во 1993 година на Бродвеј, каде што и двајцата глумеле во новата верзија на „Ана Кристи“. Хемијата помеѓу нив не можела да се скрие ни на сцената, но не било сѐ совршено.

„Работата со него, тоа што се случуваше меѓу нас, но и медиумските натписи за хемијата меѓу нас, не му помогнаа баш на мојот тогашен брак, кој во тоа време се распаѓаше. Сето тоа беше лош тајминг. Што можам да кажам во своја одбрана? Очигледно многу се вљубив.“

https://www.instagram.com/p/B7x1DX5nBx5/

Наташа Ричардсон тогаш сѐ уште била во брак со Роберт Фокс, но не можела да му одолее на шармот на Лиам Нисон, со чие име се поврзувале и актерките Хелен Мирен, Џулија Робертс и Брук Шилдс. Набрзо по завршувањето со работата на претставата, Нисон отишол во Полска каде што го снимал филмот „Шиндлеровата листа“.

Вечерта пред нејзиниот 30-ти роденден ѝ испратил порака, во која на шега пишувало: „Ме стигнуваш. Многу љубов, Оскар“. Инаку, Оскар била неговата улога во „Шиндлеровата листа“, а пораката „ме стигнуваш“ алудирала на тоа дека го стигнува во годините, бидејќи тој бил 11 години постар.

https://www.instagram.com/p/B-5CxaEptEU/

Таа порака не ја импресионирала, па му одговорила: „Дали пораката ми ја прати пријател или…? Каков е статусот на нашата врска?“. Го освоила со директноста, а дури подоцна признал:

„Од тој момент знаев дека ја сакам. Си помислив: ова е нешто добро и вистинско и тоа морам да го чувам.“

Наташа потоа се качила во авион и одлетала во Полска, а во јули 1994 година се венчале. Песната што ја обележала нивната венчавка била „Crazy Love“ од Ван Морисон, која токму Наташа му ја отпеала.

„Без мое знаење одела на часови по пеење. Под натстрешницата, по церемонијата, а пред да тргнеме на забавата, го зема микрофонот и почна да ми пее.“

Цели 17 години биле во среќен брак, по кој добиле двајца сина – Мајкл и Даниел, а потоа дошла 2009 година и семејството отишло на одмор во канадскиот Квебек, каде што уживале во снежните радости. Наташа Ричардсон, со оглед на тоа што не знаела да скија, ангажирала инструктор и со него почнала да ги учи основите. Во еден момент, на патеката за почетници, паднала и ја удрила главата во подот.

https://www.instagram.com/p/B-7-qe_pkRG/

Бидејќи не носела заштитен шлем, ударот во левата страна на главата бил пресилен и предизвикал пукање на крвните садови во мозокот, што на крајот се покажало како фатална повреда. Лиам Нисон побрзал до неговата повредена сопруга, која во тој момент сѐ уште била будна и му кажала: „Душо, паднав на снег.“

Иако итно била однесена во болница, повредите биле преголеми. Славната актерка паднала во кома, а докторите му кажале на Нисон дека никакво чудо не може да ја спаси, бидејќи нејзиниот мозок е мртов.

Свесен за тоа, дошол до нејзиниот болнички кревет, ја зел за рака и почнал нежно да ѝ зборува, кажувајќи ѝ дека ја сака.

„Љубов моја, за жал, веќе никогаш нема да се разбудиш. Ударот во главата бил прејак. Не знам дали можеш да ме чуеш, но имам потреба да ти го кажам сето ова. Ќе се вратиш во Њујорк и ќе дојдат сите твои пријатели и цело семејство.“

https://www.instagram.com/p/B9LOrJFHBRf/

Дури потоа актерот открил дека тој и Наташа имале договор ако едниот од нив заврши во кома и вегетира, другиот да биде доволно силен за да ги исклучи сите апарати за одржување во живот. Лиам Нисон го одржал ветувањето. Апаратите се исклучиле, а нејзиното срце, бубрези и црн дроб биле донирани на други луѓе.

Тажно е тоа што Лиам Нисон одглумил речиси идентично сценарио неколку години претходно во филмот „Всушност, љубов“ од 2003 година. И таму неговиот лик по име Даниел ја изгубил сопругата и сликовито е опишана неговата борба по загубата, како и грижата за синот.

Тагата поради загубата на својата сакана сопруга и понатаму е присутна, но актерот морал многу да се посвети на синовите, особено на постариот Мајкл, кого смртта на мајка му го одвлекла во депресија, но и во зависност. Во 2014 година завршил на рехабилитација, откако го допрел дното и токму тоа му помогнало повторно да тргне по вистинскиот пат.

Но ни самиот Нисон не можел да се помири со нејзината смрт, а утеха нашол во алкохолот. Во некои интервјуа открил дека престанал со тоа во 2013 година.

https://www.instagram.com/p/B9BwHl7nmSx/

„Почнав премногу да пијам, а тоа започна по нејзината смрт. Пиев само пино ноар, никогаш не ме интересирале жестоки пијалаци. Но потоа, откако почнав да добивам сѐ повеќе улоги, сфатив дека не ми треба тоа.“

Откако Наташа Ричардсон починала, Лиам Нисон официјално се поврзувал со неговиот ПР, Фреја Сент Џонсон, но таа врска одамна е завршена. Се шушка дека во неговиот живот конечно се појавила жена која му ја вратила вербата во љубовта. За неа рекол дека е „неверојатно позната“, но не сака да го каже нејзиното име за да не ја засрами.

Еве зошто Ричард Гир е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала неговата Алехандра

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.