Еве зошто Ричард Гир е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала неговата Алехандра

Тој е постар од сопругата цели 33 години

Ричард Гир и Алехандра Силва се запознале во 2014 година, кога актерот престојувал во хотелот кој бил во сопственост на семејството на Алехандра. Веднаш почувствувале привлечност еден кон друг и од првата вечер биле неразделни.

Тогаш и двајцата биле среде развод и минувале низ навистина тежок период, но овие проблеми уште повеќе придонеле да се зближат.

Алехандра има изјавено дека и двајцата биле убедени дека оваа врска ќе трае. Во 2018-та, парот го кажа судбоносното „да“.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-05.jpg

Алехандра тврди дека е најсреќната жена во светот, а Ричард прави таа да мисли дека живее во бајка.

Имено, актерот секој ден ѝ пишува песни, а секое утро ја прашува што ја прави среќна.

Алехандра вели дека нејзиниот сопруг е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала. За неа, овој брак бил како најубавиот романтичен сон од кој не сака да се разбуди.

И Ричард го има истото мислење за својата сакана и за бракот со неа.

Тој одново и одново кажува дека се чувствува како најсреќниот маж во универзумот, затоа што имал можност да се венча со паметна, забавна и чувствителна жена, која сака да им помага на другите. Уште подобро е што тие двајца имаат исти интереси и цели и ист став кон светот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.