Отсуството на менструација може да се случи од многу причини

Не паничете ако немате менструација. Бременоста е потенцијална причина, но има и многу повеќе…

Дали вашата тежина е променета?

Потребно е жените да одржат одредено ниво на телесна маст за да можат да овулираат. Ако изгубите тежина и индексот на телесна маса (БМИ, кој го искажува процентот на телесна маст), станува премногу низок, може да го изгубите циклусот. Од друга страна, истата работа може да се случи ако вашиот БМИ стане премногу висок. Гинеколозите претпоставуваат дека нивото на маснотии е толку важно за овулацијата бидејќи е индикатор кој му гарантира вашиот систем дека сте доволно здрави за бидете бремени и да родите дете. Општо, БМИ под 19 е премногу ниска за овулацијата, додека вредностите над 30 може исто така да го нарушат нормалното функционирање. Но, не е секогаш бројот во прашање. Ако ослабнете екстремно брзо, тоа може да ви го наруши циклусот дури и ако вашиот БМИ остане во нормала. Ова може да се случи ако сте започнале со диета со нискокалорично чистење на вашето тело или детоксикација базирана на сок.

Дали земате лекови?

Одредени лекови (освен пилулата) може да го нарушат вашиот циклус со одложување или блокирање на овулацијата. Антидепресивите се еден од најчестите виновници. Не секоја жена која започнува да ги користи овие лекови за стабилизирање на расположението, ќе се соочи со промени во нејзиниот циклус, но може да го почувствувате овој несакан ефект веднаш штом започнете со употреба на пропишана терапија, па дури и по неколку месеци по земањето на лекот.

Други поретко пропишани лекови кои можат да влијаат на циклусот се антипсихотици, некои стероиди, како и одредени лекови за хемотерапија. Ако земате некој од овие лекови, веројатно нема причина за загриженост, но кажете му на докторот што ги препишал за да биде запознаен со целосната состојба.

Прочитајте и: Гинеколог открива: Ако сте добиле менструација пред 12-тата година, може да заболите од овие болести!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.