4 грешки што сите ги правиме во тоалет: Овие хигиенски навики веднаш треба да ги смените!

Прочитајте!

Од кои лоши навики треба да се ослободите…

Многу луѓе прават одредени грешки во својот дом за кои не се ни свесни. Колку пати ви се случило после миење на косата да го затнете одводот, бидејќи не сте ги исчистиле влакната? Тогаш сигурно се фаќате за глава и посегнувате по средства што ќе ја поправат вашата грешка.

Поминуваме многу време во тоалетот, па затоа треба да бидеме внимателни…

Не ги чистите влакната после миење коса

Сите ја миеме косата, па неизбежно е паѓањето на влакна за време на миењето под туш. Така, влакната се одлеваат со водата и го затнуваат одводот. Поради тоа, по секое миење на косата треба да ги извадите паднатите влакна, за да не ви се направи густ јазол од коса во одводот и така да се оневозможи нормалниот проток на вода.

Нозе полни со фластери

Колку пати ви се случило по посекотина или гребаница на нозете да залепите фластер, па да заборавите да го извадите пред да влезете во када? Тоа е голема грешка, бидејќи фластерите, исто како и влакната го затнуваат одводот. Менувајте ги редовно и обрнете внимание на квалитетот на фластерот.

Не отворате прозор после туширање

Пареата што настанува за време на туширањето придонесува за појава на габички. А сигурно не го сакате тоа. Па затоа, секогаш после туширање, барем на кратко отворете го прозорецот за да влезе свеж воздух.

Не го затворате капакот на тоалетната шолја

Сите знаеме дека тоалетот е легло на бактерии, особено тоалетната шолја. Имено, со секое пуштање вода во тоалетната шолја, бактериите се шират низ тоалетот. Па затоа, секогаш треба да го затворате капакот по вршење нужда.

Чистење на тоалетот за време на епидемија: Три работи на кои особено треба да внимавате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.