Гинеколог открива: Ако сте добиле менструација пред 12-тата година, може да заболите од овие болести!

Дознајте нешто повеќе за вашето здравје!

Првата менструација може да открие многу работи за вашето здравје

Знаете ли зошто гинекологот мора да знае кога сте ја добиле првата менструација? Овој податок може да открие многу работи за здравјето на жената, односно за потенцијалните здравствени проблеми што може да ја погодат.

Во зависност од тоа кога ја добила првата менструација, жената може да биде изложена на поголем ризик од одредени болести. Но тоа не значи дека нејзиното здравје е предодредено. Здравиот начин на живот може да го намали ризикот од некои болести.

Дознајте колку првиот циклус влијае врз здравјето на жената…

Здравјето на срцето

Според истражувањата во кои учествувале повеќе од милион испитаници, жените кои првата менструација ја добиле на 13 години се изложени на најмал ризик од срцеви болести, мозочен удар и висок крвен притисок.

Жените кои првата менструација ја добиле многу рано (на 10 години) или многу доцна (17 години) се под најголем ризик од овие здравствени проблеми.

„Хормоните делуваат заштитнички на здравјето на срцето, но раната менопауза која може да се појави поради раниот почеток на менструацијата може да се поврзе со овие здравствени проблеми“, напоменуваат гинеколозите.

Дијабетес

Жените кои првата менструација ја добиле пред 12-тата година се изложени на поголем ризик од дијабетес за разлика од жените кои ја добиле подоцна. Раната менструација го зголемува ризикот од дијабетес, бидејќи се зголемува отпорноста на инсулин.

Прееклампсија

Ова нарушување во бременоста се карактеризира со висок крвен притисок и појава на протеини во урината. Подоцна може да претставува ризичен фактор за мозочен удар. Кај жените кои добиле менструација пред 12-тата година можноста за развој на оваа потенцијално опасна состојба е поголема за 28% од жените кои подоцна добиле менструација.

Ризик од карцином

„Раната појава на првата менструација го зголемува ризикот од заболување од карцином на дојка и матка, бидејќи жената е подолго време изложена на влијанието на естрогенот за разлика од жените кои подоцна добиле менструација“, истакнуваат гинеколозите.

Штитна жлезда

Во едно француско истражување биле споредувани податоците добиени од 600 жени на кои им бил дијагностициран рак на штитната жлезда пред 35-тата година со податоците на 600 здрави жени. Било откриено дека кај жените кои порано го добиле првиот циклус постои поголем ризик од заболување од рака на штитна жлезда.

Густина на коските

Кај жените кои многу доцна добиваат менструација постои поголем ризик од помала густина на коските, што значи и голема можност од развој на остеопороза и кршење на коските.

Гинеколошко здравје

Раната и доцната појава на првата менструација обично е поврзана со нарушувања на менструалниот циклус во понатамошниот живот на жената, а тоа предизвикува и други гинеколошки проблеми, најчесто поврзани со зачнувањето, бременоста и раната менопауза.

„Денес, честа појава се полицистичните јајчници, кои покрај нарушувања на менструалниот циклус вклучуваат и нарушување на бројни метаболички промени со разни манифестации и последици“, откриваат гинеколозите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.