Вкусен и здрав: Сокот од домати е главен сојузник во борбата со овие 10 здравствени проблеми

Чувар на здравјето и убавината

Сокот од домати е одличен избор за оние што страдаат од дигестивни проблеми, како констипација или дијареја, го снижува нивото на холестерол, ја чува линијата, а одличен е и како замена за некои козметички третмани

Поради малиот број калории и тоа што изобилува со витамини, минерали и лековити својства, сокот од домати е многу подобра опција од кој било овошен сок. Во него се крие вистинска ризница на здравје.

Сокот од домати изобилува со:
  • Витамини А и Ц, кои се заслужни за добар вид, здравје на коските и забите, како и за генерално подобар имунитет.
  • Витамини Б3 и Б6, кои се сметаат за важни фактори кога станува збор за стабилизирањето на нивоата на холестерол.
  • Витамин Б6 кој го уништува хомоцистенот, соединение кое ги оштетува крвните садови и доведува до срцеви болести.
  • Доматот е богат и со магнезиум, кој ги покренува мускулите, вклучувајќи го и оној што пумпа крв, што го прави одличен производ за срце.
  • Хлорот и сулфурот што ги содржи доматот, влијаат врз функцијата на црниот дроб и бубрезите, што е клучно во процесот на детоксикација на телото.
  • Поради големата количина на антиоксиданси што ги содржи, го намалува ризикот од појава на рак. Освен тоа, содржи голема количина на ликопен, кој исто така игра значајна улога во заштитата од канцер.

Освен што го чува здравјето на целото, сокот од домати е многу моќен сојузник во топењето масни наслаги. Неговата способност за симнување килограми и целулит е неверојатна.

Не само што содржи малку калории, туку сокот од домати и спречува напади на глад и желба за храна. Имено, екипа експерти од областа на нутриционизмот открила дека храната која има остар и киселкав вкус повеќе влијае врз нашето сетило за вкус и го оптоварува на некој начин, што прави подолго да останеме сити. Со самото тоа, помалку сме склони на тоа да посегнеме по храна и тогаш кога не сме гладни.

Ја стимулира работата на цревата, а богат е и со влакна, што придонесува за подобро функционирање на метаболизмот.

Овој сок има позитивни ефекти и на убавината:
  • Ако го нанесете на кожата, ќе ви помогне во лечењето мозолчиња, бидејќи изобилството на витамин Ц ја лекува кожата, ја осветлува и ја намалува видливоста на лузните.
  • Ако го нанесете на косата, ќе влијае врз нејзиниот сјај, ќе го подобри изгледот на сувите врвови и ќе го реши проблемот со првутот.

Ќе ви ги прочистат артериите и ќе ви го регулираат нивото на холестерол: Овие 5 производи се помоќни од кој било лек!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.