Тренд кој освојува на прв поглед: Фустанот што ќе ја обележи летната сезона изгледа вака!

Моден тренд број 1

Овој тренд веќе ги воодушеви трендсетерките

Во летната сезона оваа година, во фокусот ќе бидат лелеави и женствени фустани.

Нагласувањето на фигурата ќе биде модно правило, а софистицирано и женствено се двата збора што најдобро можат да ја опишат сезоната што ни претстои. Со потоплите денови, ни пристигнуваат модни парчиња кои на вистински начин го нагласуваат она што е најдобро на женското тело и многу успешно ги кријат сите недостатоци.

Овој модел на фустан е еден од нив, а често ќе го гледаме по улиците и во нашите градови. Трендсетерките веќе полудеа по овој модел, па така, социјалните мрежи се преплавени со фотографии од овој фустан.

Ни актерката Аманда Холден не му одолеала на овој тренд, па фотографирана е на улиците во Лондон во крој што ѝ стои совршено.

https://www.instagram.com/p/B_YPu3BBTSz/

Начинот на кој е пресечен околу градите, визуелно ќе ви ги намали рамената, па затоа е одличен избор за сите дами што имаат малку поширок грб, додека начинот на кој фустанот се врзува, ќе ја направи сечија фигура потенка.

https://www.instagram.com/p/B_XrJy4BTF5/

Точките исто така се тренд кому дизајнерите му предвидуваат голем успех претстојната сезона.

https://www.instagram.com/p/B_W9qAdB0K3/

Миди-фустани: Еве ги најубавите пролетни модели (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.