Ќе ви ги прочистат артериите и ќе ви го регулираат нивото на холестерол: Овие 5 производи се помоќни од кој било лек!

Природен лек

Холестеролот може да се победи на потполно природен начин – треба само паметно да ги одберете намирниците

Затнатите артерии може да доведат до фатални последици, затоа неопходно е да се прилагоди исхраната и строго да се внимава на здравјето.

Одредени намирници имаат моќ да ги прочистат артериите и да ги урамнотежат триглицеридите и холестеролот во крвта. Регулирањето на нивоата на холестерол е полесно одошто мислите.

Холестеролот се лепи за ѕидовите на артериите, така ги затнува и ја спречува нормалната циркулација на крвта, што потоа доведува до сериозни здравствени проблеми. Па така, најдобро би било да консумирате намирници што содржат високо ниво на антиоксиданси, влакна и здрави масти. Тие значително ќе придонесат за нормалната функција на артериите и циркулацијата на крвта.

Овие 5 намирници имаат чудотворни дејства:

1. Морски алги

Минералите, протеините и антиоксидансите што ги содржат ги прават најздрава храна во овој случај. Тие имаат сѐ што е потребно за правилно функционирање на целиот организам, а особено се ефикасни во чистењето затнати артерии, но можат да го снижат и покачениот притисок.

2. Туна и лосос

Долго се верувало дека овие видови риби не се погодни за употреба поради високото количество на маснотии, но новите истражувања го докажуваат спротивното. Маснотиите што тие ги содржат се исклучително богати со аминокиселини, кои имаат многу позитивни својства. Станува збор за омега-3 масните киселини, кои помагаат во балансирањето на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

3. Овесна каша

Овесната каша е најдобриот вид појадок, бидејќи ќе ви обезбеди доволно енергија за целиот ден. Богата е со диетални влакна, што значи дека ја намалува способноста на холестеролот да се залепи на ѕидовите на артериите.

4. Соја

Изофлавоните, кои се дел од нутритивниот состав на сојата, значително го намалуваат холестеролот во крвта и триглицеридите. Одлична замена за месо.

5. Домати

Доматите се богати со ликопен, кој е силен антиоксиданс, а тие се неопходни за намалување на триглицеридите. Факт е дека понекогаш, причина за затнатите артерии се оксидативните процеси во крвта, а антиоксидансите одлично се справуваат со нив и ги враќаат во нормала.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.