ОНКОЛОГИЈА: РАКОТ МОЖЕ ДА СЕ ПОБЕДИ!

Како се лекуваат онколошките болни? Кои се несакани ефекти? Дали лекувањето во Русија се разликува од лекувањето во другите земји? За тоа зборува директорот на Клиничкиот научнопрактичен онколошки центар во Санкт Петербург, Владимир Михајлович Мојсејенко, хемотерапевт

 

Лекувањето се одредува индивидуално

Владимир Михајлович, кажете ни какви видови традиционално лекување постојат?

Денес за лекување на онколошките заболувања се применува комплексен пристап: покрај хируршките методи и зрачење, се спроведува и медикаментозна терапија (целна терапија, имунотерапија, хормонска терапија, хемотерапија). Изборот на одреден вид традиционално лекување зависи од раширеноста на канцерогениот процес, неговата класификација, како и индивидуалните специфичности на пациентот. Сите видови традиционално лекување имаат различен механизам на дејство.

Во кој случај се пропишува хемотерапија?

Медикаментозната терапија се применува за лекување малигни тумори практично од секоја локализација и во разни стадиуми на заболување. Во зависност од степенот на раширеност на процесот, на болниот може да му се пропише хемотерапија, и како самостоен вид и во рамките на комплексното лекувања пред или по операцијата и заедно со зрачење. Задача на медикаментозната терапија е дејствување на сите оддалечени макро и можни микрометастази, заради (во некои случаи) контрола на симптомите на заболувањето и активностите на канцерогениот процес, што овозможува да се подобри квалитетот и должината на животот на пациентот. Во други случаи – да се спречи или намали ризикот од напредување на заболувањето.

Како да се преживеат несаканите појави

До какви несакани појави може да дојде при хемотерапија?

До некои несакани појави – како што се алергиски реакции, скок на телесната температура, вртоглавица, мачнина, повраќање, голема слабост – може да дојде во текот на воведувањето на лековите или во првите денови на лекувањето. Примената на премедикација и постмедикација и внимателниот однос спрема пациентот овозможуваат да се избегнат многу несакани појави. Најчеста е гастроинтестиналната токсичност (мачнина и повраќање), но нејзиниот степен може да биде различен кај секој пациент. Меѓутоа, денес постојат многу ефикасни мерки на спречување на гастроинтестиналната токсичност. Друга несакана појава е хематолошката токсичност – влијанието на цитостатиците на коскената срцевина, главната фабрика на сите градбени елементи на крвта.

ЛЕКОТ КАКО ОТРОВ

Важно е да сфатите дека хемоцитостатиците се отрови. Тие дејствуваат како на лошите, канцерогени клетки така и на оние добрите, здравите. Токму затоа, на која било клетка да дејствува отровот, може да дојде до труење на сите човечки органи и системи.

Најповолната варијанта што во работата на медицинските центри е специјалната електронска книшка, во која пациентот онлајн ги внесува своите симптоми (покачена температура, столица, синдром на болка) што се јавуваат во паузите помеѓу хемотерапијата. Така лекарот може да реагира во истиот момент и да ја промени дозата на лекот. Ваквата „брза реакција“ помага да се подобри квалитетот на животот на пациентот и да се избегнат состојби што се опасни по животот, како и тој навреме да се регенерира за следниот циклус. На основа на тие показатели, лекарот ќе може да преземе ефикасни мерки за снижување на нивото на токсичност, како и да ги коригира следните циклуси на лекување.

ВИДОВИ ТЕРАПИЈА

* ЦЕЛНАТА ТЕРАПИЈА дејствува на конкретни молекуларни промени што постојат во канцерогените клетки, ги блокира таквите промени, со самото тоа спречувајќи го растот на туморот, и предизвикува уништување на клетките.

* ИМУНОТЕРАПИЈАТА му помага на имунолошкиот систем на организмот да ги препознае канцерогените клетки, а на имуните клетки им омвозможува активно да се борат со нив.

* ХОРМОНСКАТА ТЕРАПИЈА (ендокринотерапија) го блокира влијанието на хормоните што се потребни за стимулација на растот на туморот. Овој метод се користи кога во туморот ќе се откријат потенцијално осетливи клетки.

* ХЕМОТЕРАПИЈАТА ја потиснува делбата на клетките, вклучувајќи ги и канцерогените. Таквото лекување не дејствува само на жариштата на заболувањето туку и на здравите клетки на организмот, што условува појава на несакани ефекти.

 

Косата ќе порасне!

Дали кај сите пациенти паѓа косата? И дали кај сите израснува?

Паѓањето на косата е многу индивидуален проблем. Тоа зависи од механизмот на дејствување на цитостатиците и влијанието на фоликулот на влакното. Сепак, важен фактор се и индивидуалните специфичности на организмот. Да, постојат цитостатици чиј несакан ефект е влијание на фоликулот на влакното и предизвикување алопеција. Но, по правило, неколку месеци по завршувањето на хемотерапијата, косата повторно израснува.

ЗДРАВЈЕТО Е ПОВАЖНО ОД ИЗГЛЕДОТ

За жал, понекогаш информацијата за можноста за губење на косата е единствената причина за откажување од лекувањето. Во таков случај многу е важно лекарот да му објасни на пациентот дека тие проблеми се привремени и дека во таа етапа се помалку важни од ефикасноста на лекувањето.

 Кои средства за чистење на крвта пациентите може да ги земаат и сами?

Биолошки активните додатоци, народните средства, вклучувајќи ја и фитотерапијата, не смее да се земаат неконтролирано во текот на лекувањето, а уште помалку да се комбинираат со хемотерапија, бидејќи ризикот од зголемување на токсичноста кај пациентот во тој случај е многу голем. Никој не го проверил заемното влијание, на пример, на биолошки активните додатоци со стандардните цитостатици, и затоа е потребно да бидете многу внимателни. Нема зошто, немате со што и нема никаква смисла да ја чистите крвта. По завршувањето на хемотерапијата нема отрови во организмот затоа што времето на полураспаѓање на препаратите е многу кратко. Оттука произлегува и тоа дека немате причина да ги исфрлате отровите и да ја чистите крвта.

Каква диета е пожелна во текот на хемотерапијата?

При изборот на диетата во обѕир се земаат видот на туморот и состојбата на пациентот. Исхраната мора да биде квалитетна и урамнотежена, заситена со протеини, маснотии и јаглехидрати.

ИСКРЕНА ИСПОВЕД

ЖИВОТЕ, ТЕ САКАМ!

Како го победив ракот со помош на лекарите, роднините и пријателите

Сигурно нема ниедно семејство чии роднини или барем познаници не боледувале од рак. И често сме уверени дека ракот значи смрт. Сакам да ја раскажам мојата приказна за луѓето, кога ќе дознаат за дијагнозата на ракот, да веруваат во оздравување и да се борат, вели нашата соработничка од Русија Татјана Зазорина

 

Зошто сите го изедначуваме ракот со смртта? Можеби затоа што смртните случаи се памтат, а случаите на излеченост не

 

Во Русија се лекува на завидно ниво

Ми пронајдоа израсток на јајникот. Веднаш почнав со испитувања: ултразвук, магнетна резонанца, рендген, анализи на крвта… Магнетната резонанца потврдува тумор. Тумор-маркерот покажува 580, а нормата е 35 единици… Шок! Што само мислев и што преживував шетајќи низ сите тие ординации… Но не се плашев, верував дека лекарите ќе ми помогнат. Си поставив себеси задача прво да се испитам, а потоа да се излечам. Патем, кога се разболев, ме изненади сознанието колку многу луѓе боледуваат од рак. Излезе дека во семејствата на сите мои познаници има такви болни. Но бидејќи го поминале лекувањето, многумина од нив денес се здрави.

Зошто сите го изедначуваме ракот со смртта? Можеби затоа што смртните случаи се памтат, а случаите на излеченост не.

…И еве сум на Онколошкото одделение во Градскиот онколошки центар во Санкт Петербург. Операцијата беше тешка, радикална (излезе дека ракот е веќе во третиот стадиум), но помина успешно и големо благодарам на моите лекари!

Имено, во Русија се прават најкомплицираните онкогинеколошки операции. Се оперираат и пациенти што се обраќале во странски клиники, но таму не ја добивале потребната медицинска помош. Исто така, жените со онколошки заболувања се способни да раѓаат деца!

 

За дијагностика и лекување во руските онколошки клиники се користат рендген, ендоскопски, хируршки и медикаментозен метод, како и зрачење. Во специјално опремени операциони сали се прават ендоскопски операции од различен обем, како за дијагностика така и за лекување.

Кога ми ја пропишаа хемотерапијата, почна да ме интересира дали постојат поефикасни лекови, кои се плаќаат дополнително. Открив дека на нашите клиники се користат најефикасните лекови. И тоа во рамките на задолжителното медицинско осигурување! Со полно право можам да тврдам дека резултатите од лекувањето рак во руските клиники може да се споредат со показателите на водечките странски земји кога станува збор за онколошката медицина.

Ме поддржуваа семејството и пријателите

Главната улога во моето лекување ја играа, секако, лекарите. Но немаше да се изборам со болеста без сериозната поддршка на моите блиски. Тоа се мојот син и мајка, другарките, шефовите и колегите од работа.

 Од разговорите со пациентките, за жал, открив дека ретко некој болен блиските толку го поддржуваат. Една жена го сподели со мене својот очај: „Во мобилниот телефон на мојот маж прочитав порака за љубовницата: ’Мојата наскоро ќе умре. Тогаш ќе бидам слободен. Фрлив око на стан.’“ Роднините на една друга пациентка поради некоја причина сметаат дека ракот е заразен. Синот се оддалечува од мајка си, а снаата не влегува во кујна кога е таму свекрвата, која има рак.

Според заболените од рак, не манифестираат осетливост ниту на работа. „Ме замолија да напишам изјава за заминување“, огорчено ми рече една од пациентките. На таквите шефови ќе им напоменам дека онколошкиот болен има право на платено боледување. Да не зборуваме за законите на човечкиот морал и совест!

 

Како да добиете петка по „хемија“

Општо е познато дека некои пациенти се откажуваат од хемотерапијата. Зошто? Тоа го сфатив веќе по првата сеанса на хемотерапија. Во неделата по хемотерапијата состојбата беше тешка, но ПОДНОСЛИВА! Да, ми се мати во главата, прстите на рацете и на нозете болат и трпнат, запира здивот, нозете се тресат, како во случај на висока температура… Но животот продолжува! Се борам!

Поминува една недела и повторно чувствувате олеснување. По две недели, пак хемија. И така шест пати. Тие шест пати треба да се преживеат. Во текот на тешките денови мислев на тоа дека веќе по два дена ќе ми биде подобро, а по една недела ќе појдам во продавница и ќе си купам колач или нов кармин!

 

Почнав да ги слушам омилените песни на телефонот. Поради некоја причина особено ми се допаѓаа козачките песни. Се сетив и на школската песничка „Син на артилерец“ на Константин Симонов: „Беше кај мајор Дејев друг мајор Петров“, а особено овој стих: „Ништо во животот не може да нѐ исфрли од седлото!“. Сите тие се придвижувачки ноти и зборови што го подигаат моралот.

…Кога почна да ми паѓа косата, прво отидов во продавница и купив две симпатични капчиња. Велат дека некои плачат од очај. Зошто? Косата ќе порасне и ќе биде уште погуста! Тоа е докажано во практиката.

 

Зошто жените се откажуваат од лекувањето

За жал, не ја поднесуваат сите добро хемотерапијата. Луѓето на Интернет не пишуваат за тоа колку е добро кога ќе се излезе надвор по една недела хемија, туку само за ужасот од тие седум дена. Но тоа ќе помине! Знам неколку случаи кога жените се откажувале од хемотерапијата поради тоа што ќе им падне косата, па ќе изгледаат лошо пред мажот или партнерот.

Жените се откажуваат од лекувањето повеќе од мажите. Тоа е затоа што жената нема да го остави мажот, дури и ако по операцијата му бидат нарушени половите функции. Но доколку жената има рак на дојка или на други женски органи, тогаш пред неа се појавува уште еден страшен проблем, а тоа во многу случаи е неразбирање и заминување на партнерот. Затоа жените, за жал, често не се согласуваат на отстранување на млечните жлезди, поради тоа што мажот или партнерот може да ги остави.

Имав познаничка што не ја оперира дојката затоа што тоа не го сакаше нејзиниот маж. Сите пријатели ја тераа на операција. Го убедуваа и нејзиниот маж во тоа, но тој „не мрдна ни со прст“, останувајќи на своето мислење. И жената умре, оставајќи четиринаесетгодишен син… Имено, некои мажи не им дозволуваат на жените да ги отстранат женските органи затоа што, имено, тие во тој случај нема да чувствуваат задоволство при интимниот однос. Тоа е апсолутно незнаење! Сепак може да се направи реконструкција на дојките. Но некои жени, за жал, ги слушаат своите мажи и партнери, се откажуваат од операција и – умираат!

Под завесата на оптимизмот

Еве, помина половина година откако се лекувам. Како што раскажав, издржав сериозна операција и шест сеанси хемотерапија. Според резултатите од испитувањата, ракот веќе го нема. Освен тоа, почна да ми расте косата!

Затоа, доколку вам или на ваш близок му ја постават оваа дијагноза, никако не очајувајте, верувајте во победа, борете се, живејте!                                                                                                                                   

СОВЕТИ ОД НАТУРОПАТ

ЧУДОТВОРЕН ВИТАМИН ПРОТИВ РАК

Многумина ги загрижува прашањето дали може да се излечи тумор. Се покажа дека природата веќе одамна смислила ефикасен лек против оваа страшна болест – витамин Б17 (лаетрил или амигдалин). Ќе зборуваме за тоа зошто токму овој витамин лекува од рак и каков е механизмот на неговото дејствување

 

Професор Валентин Дубин, главен научен соработник во Институтот за натуропатија

Витаминот Б17 има способност да се вовлече во клетките на ракот и да ги уништи, не наштетувајќи му притоа на здравото ткиво

Во што е тајната на витаминот Б17

Суштината е во тоа што витаминот Б17 има способност да се вовлече во клетките на ракот и да ги уништи, не наштетувајќи му притоа на здравото ткиво. Секој молекул од овој витамин содржи соединение цијанид, кој е отров, но за да биде делотворен овој отров, треба, пред сѐ, да се „отвори“ молекулот и да се ослободи отровот, за што е способен само посебен вид ензим (белковина што има улога на катализатор во биохемиските реакции). Овој ензим постои во организмот во мизерни количества, но во канцерогените тумори го има речиси 100 пати повеќе! Токму затоа отровот од витаминот Б17 се ослободува само во деловите од телото што се погодени со рак! Како резултат на тоа, клетките на ракот се уништуваат, а здравите ја продолжуваат својата работа, што ни е и потребно.

Ракот и недостигот од амигдалин во човечката исхрана

Во 1952 година, доктор Ернст Теодор Кребс, на основа на експеримент, ја извел теоријата дека ракот, исто како скорбутот или рахитисот, е едноставна авитаминоза, т.е. недостиг од одреден витамин, поконкретно од витаминот Б17. Пред многу векови сме имале обичај да печеме и јадеме леб од просо, ’рж, јачмен, овес и лен, богати со витамин Б17, но сега јадеме земички и обработен пченичен леб, кој не содржи никакви витамини. Во текот на неколку генерации нашите баби, не сфаќајќи зошто го прават тоа, стрпливо гмечеле во аван семки од сливи, вишни, јаболка и кајсии и тоа ревносно го мешале во своите домашни слатка и зимница. Се покажало дека јатките од сите тие плодови се еден од најбогатите извори на витамин Б17 во светот!

Долгогодишните проучувања на исхраната на народите низ светот го довеле доктор Кребс до заклучокот дека пред индустриската револуција секој народ што не заболувал од рак во својата исхрана го имал истиот фактор што го штител од оваа злокобна болест – витамин Б17, со чиј губиток (особено поради преминот на пченица) кривата на канцерогената статистика во цел свет почна да се накачува.

За здрав опстанок, витаминот Б17 исто така е едноставна и исклучително потребна супстанција за човекот како и витаминот Д (сончевата светлина) или витаминот Ц.

Интересно е и тоа што пред повеќе од три илјади години за лекување различни тумори древната кинеска медицина користела горчлив бадем, кој е богат токму со витамин Б17.

 

ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИ ПОВРЗАНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ПРОЧИТАЈТЕ ВО МАГАЗИНОТ “РУСКИ ДОКТОР“

 

Превенција од рак

Се препорачува, заради превенција, повремено да употребувате некој од споменатите производи, на пример една или две семки од кајсија дневно. Количеството семки постепено можете да го зголемите до седум или десет, распоредувајќи ги на цел ден. Треба добро да ги изџвакате, без обѕир на горчината, а можете да ги додавате во јадења или да ги употребувате во иситнет облик, помешани со лажиче мед.

 

Доктор Кребс тврдел дека консумирањето околу седум семки од кајсија дневно му гарантира на човекот заштита од рак за цел живот.

Задолжително ограничете ги во исхраната шеќерот (тој ги храни канцерогените клетки) и производите од рафинирано брашно, откажете се од кофеин и алкохол, дајте им предност на непреработените прехранбени производи. Пијте многу вода (од осум до десет чаши дневно), бидејќи таа помага да се исфрлат токсините. Доколку ракот веќе се појавил, предност треба да им се даде на чистите екстракти или таблети со витамин Б17, но тогаш во појаки дози.

КАДЕ ИМА ВИТАМИН Б17

Го содржат семките од горчливиот бадем, праските, кајсиите, сливите, вишните, портокалите, дуњите, јаболката, грозјето. Овој витамин го има во фиданките и плодовите на мешунките (јачмен, сирак, просо, пченка, ’рж, интегрален ориз, хелда, леќа, грав, леблебија), бамбусот, зрнестите плодови (капина, боровинка, малина, офика, рибизла, јагода, грозд, јошта), лененото семе и масло, надземниот дел од цвекло, спанаќот, поточарките, пивскиот квасец, коскестите плодови, листовите од еукалиптус. Многу диви плодови и треви исто така содржат амигдалин.

ОНКОЛОГИЈА

ОД АЛТЕРНАТИВЕН АГОЛ

4 ЕТАПИ НА ПРЕВЕНЦИЈА И ИЗЛЕКУВАЊЕ

На секои три секунди во светот се дијагностицира нов случај на рак, а на секои пет секунди некој умира од оваа болест. Во Русија денес заболува приближно секој петти човек, а кај нас секоја година од канцер умираат околу 4.000 луѓе. Сепак, мораме да знаеме дека ракот е излечив. Но не се доволни хемија, зрачење и операција. Сето тоа ја уништува само болеста и притоа всушност ја одлага, бидејќи не ги отстранува причините за ракот. А причини, како за појавата така и за излекувањето, може да бидат и храната, и околината и нашиот поглед на светот.

  1. ОГРАНИЧЕТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ ШТО ПОТТИКНУВААТ РАЗВОЈ НА РАКОТ

* Шеќер. Клетките на ракот растат брзо од шеќерот. Доколку заболениот од рак не се откаже од шеќерот (како и од производите што лесно преминуваат во шеќери во организмот – намирници од бело брашно, бел ориз, компир), тоа ќе ги храни клетките на ракот и ќе придонесе за развој на тумор. Вештачки засладувачи: аспартам, сахарин, сукралоза, цикламати и др. исто така може да го предизвикаат неговиот развој.

* Преработеното месо (виршли, колбаси, чадено месо, сланина), како и неумерена употреба на црвено месо, претставува јак стимулатор за раст на малигните неоплазми. Доктор Д. Фурман во книгата „Исхраната како основа на здравјето“ пишува дека стотини научни истражувања ја потврдиле врската помеѓу производите од животинско потекло и многу видови рак. Но црвеното месо не е единствениот проблем. Едно истражување забележало дека рак на дебелото црево се среќава 300 пати почесто кај оние што редовно употребувале бело месо. А речната риба е еден од најзагадените производи, и нејзината честа употреба исто така носи ризик од појава на рак.

* Протеинот од кравјото млеко го поттикнува растот на ракот. Имено, на фармите со месо и млеко кравите ги хранат со хормон за раст, заради поттикнување на лачењето млеко. Tој хормон претставува јак стимулатор на делба и раст на клетките и придонесува за развој на рак.

* Рафинираните и преработени производи (пржени коскести плодови, чипс, кекс итн.) и практично сѐ што се сервира во рестораните за брза храна. Приготвувањето во микробранова печка, пржените, конзервираните и генетски модифицираните производи.

* Најлошите маснотии што предизвикуваат рак се трансмастите (маргарин, пекарски производи, брза храна, пржено, похувано…). Во кондиторските и другите производи од индустриско производство ги маскираат под безопасниот назив „кондиторска“ или „кујнска маснотија“.

* Кофеинот (чоколадо, чај, кафе, какао, газирани напивки) го плакне калциумот од коските и ја спречува неговата апсорпција во цревата. Заболените од рак имаат сериозен недостиг од калциум во организмот.

* Алкохол. Умереното и интензивно консумирање алкохол е поврзано со развојот на рак на дигестивниот тракт. Во последно време ракот на млечните жлезди стана чест и кај мажите. Пивото, квасот и производите од квасец содржат сличности со женските полови хормони, кои го спречуваат создавањето на тестостеронот.

  1. УПОТРЕБУВАЈТЕ ПРОИЗВОДИ ШТО ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ИЗЛЕКУВАЊЕ НА РАКОТ

* Лененото семе е богат извор на омега-3 масни киселини и лигнин, кои имаат силни антиканцерогени својства. За подобро варење и апсорпција е потребно да консумирате по една лажица свежо сомелено семе дневно.

* Ленено масло и кравјо сирење. Докторката Јохана Будвиг уште во педесеттите години од 20 века успешно лекувала рак. Нејзиниот главен рецепт била смеса од кравјо сирење и ленено масло (така маслото полесно се апсорбира): две лажици ленено масло измешајте со 100–150 г немрсно кравјо сирење да добиете хомогена смеса и јадете еднаш дневно. Кравјото сирее купувајте го од помалите домаќинства, каде што животните се хранат со трева, а не со храна комбинирана со хормони.

* Сусамот содржи рекордно количество калциум (него никогаш го нема доволно во организмот на заболените од рак) и низа антиканцерогени супстанции. Сомелете го пред употреба.

* Зеленчук. Повеќе од 300 научни труда докажуваат дека диета што вклучува доста овошје и зеленчук може да го намали ризикот од развој на повеќе видови рак. Исклучок се помфритот, кечапот и сличните производи што се изложуваат на висок степен на преработка. Разните видови зелка, особено брокулите, ротквичката, репката и др., содржат супстанции што го намалуваат ризикот од заболување од каков било вид рак и предизвикуваат самоуништување на канцерогените клетки. Треба да се јадат сурови или приготвени на пареа (што помала термичка обработка). Цвеклото содржи антиканцероген бетаин.

* Сокови од зеленчук. Доктор Р. Бројс, автор на книгата „Рак, леукемија и други заболувања што се сметаат неизлечиви, а кои се лекуваат со природни средства“, излечил, почнувајќи од 1950 година, повеќе од 40.000 заболени од рак. Неговиот метод е заснован на сокови од зеленчук (основен антиканцероген сок е сокот од цвекло) со користење одвар од треви.

* Овошјето и зрнестите плодови се богати со витамин Ц, токсичен за клетките на ракот. Црното грозје (кожата и семките) и капината содржат антиканцероген ресвератрол. Многу се корисни калинката и лимонот. Кората од цитрусите содржи Д-лимонен, кој ги уништува клетките на ракот. Меѓутоа, денес цитрусите се прскаат со канцерогени пестициди и фунгициди. Затоа барајте органски.

* Хелдата и амарантот претставуваат силни антиканцерогени средства. Особено е корисно маслото од амарант.

* Куркумата има силно антиканцерогено дејство. Се консумира едно лажиче дневно со прстофат црн пипер и ленено масло заради подобра апсорпција.

* Стевијата е слатка трева со која се заменува шеќерот. Се варат суви листови и се пијат како чај. Во експерименти со глувци покажала способност да го запре ракот.

* Зеленишот: магдонос, целер, нане, мајоран, тимијан, оригано, босилек и рузмарин – го намалува ширењето на ракот.

* Употребата на мешунки, грашок или леќа барем двапати неделно е поврзана со 50-процентно намалување на ризикот од рак на дебелото црево. Сојата содржи супстанции што се способни да спречат многу видови рак. Добар избор се свежи фиданки од соја, како и тофу, но избегнувајте да употребувате соја-сос и ГМО-соја.

* Алгите комбу, вакаме, ламинарија и фукус имаат антиканцерогени својства. Алгата хлорела му помага на организмот да ги исфрли тешките метали што придонесуваат за развој на рак.

* Ѓумбирот го кочи растот на канцерогените клетки.

* Зелениот чај содржи катехин, чии антиканцерогени својства се зголемуваат при заемно дејство со цимет и црн пипер.

Дневно пијте најмалку 30 мл вода по килограм тежина. Најдобро е да пиете вода половина час пред и два часа по јадење.

* Магарешкиот трн (лат. Silybum marianum; рус. расторопша) го спречува растот на клетките на ракот и ги обновува ткивата на црниот дроб што се погодени со рак. Таа покажува резултати кога станува збор за намалување на токсичноста на хемотерапијата, зајакнувајќи ја истовремено нејзината ефикасност.

* Селенот е способен да го спречи растот на ракот, но шеќерот го исфрла селенот од организмот. Овој елемент го има во интегралните производи, морската сол, печурките, кромидот и лукот, брокулите и др. Два бразилски орева ја претставуваат дневната норма за селен.

Препораките во написот може да бидат дополнување во лекувањето што ќе го одреди лекар, но не можат да го заменат.

  1. ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ОКОЛИНАТА

Улогата на гените во канцерогените заболувања најмногу е 5%, а преостанатото се факторите што се активатори на овие гени. Истражувачите нашле повеќе од 200 различни индустриски токсини и отрови од секојдневниот живот во крв на штотуку родени бебиња. На пример, загадениот воздух и електромагнетното зрачење го зголемуваат ризикот од развој на рак. Понатаму, не користете забни пасти и пивка вода што содржи флуор, како ни домашна пластика со ознака БПА (бисфенол А) и ПВЦ. Парабените и фталатите од козметичките средства можат да предизвикаат рак на дојка. Користете природна органска козметика и еко-средства.

  1. ПРОМЕНЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ НА СВЕТОТ

Рак може да настане доколку личноста чува во душата стари навреди и потресеност, не умее да прости и така го зголемува чувството на непријателство. Лицето со бениген тумор има добра душа, но не може да заборави навреда. А малигниот тумор се јавува кај луѓето што се агресивни спрема некого. Ослободете се од негативните мисли, емоции и карактерни црти, кои ве водат во смрт. Променете го начинот на живот: исхраната, работата, воведете физичка активност. Размислете за целта и смислата на животот. Внесете светлина и радост. Простувајте и ширете оптимизам.

 

      

ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИ ПОВРЗАНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ПРОЧИТАЈТЕ ВО МАГАЗИНОТ “РУСКИ ДОКТОР“

                                                                                             

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.