„Интелигенцијата без амбиција е како птица што нема крилја“: Вака говорел генијалниот Салвадор Дали

Дневна доза мудри мисли

ФОТО: Profimedia

„Кога некоја жена купува машка кошула, тогаш е вљубена. Кога ја пегла, тогаш е мажена. Ако притоа и пее, тогаш е и едното и другото.“

Салвадор Дали е шпански сликар познат по својот талент и креативност. И самиот признал дека понекогаш правел необични работи за да го привлече туѓото внимание, па не е ни чудно што важел за голем ексцентрик.

Неговата генијалност е неоспорна, а тоа се согледува не само преку неговите уметнички дела, туку и преку неговите цитати што нема да ве остават рамнодушни…

1. „Постои само една разлика меѓу мене и лудакот. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.“

2. „Интелигенцијата без амбиција е како птица што нема крилја.“

3. „Сликањето е најискрената уметност во која не постои можност да мамиш. Или е добро или е лошо.“

4. „Има денови кога мислам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.“

5. „Секое утро штом ќе се разбудам го искусувам најголемото задоволство – тоа што јас сум Салвадор Дали.“

6. „Кога некоја жена купува машка кошула, тогаш е вљубена. Кога ја пегла, тогаш е мажена. Ако притоа и пее, тогаш е и едното и другото.“

7. „Кога имав 6 години, сакав да бидам готвач. Кога наполнив 7, сакав да бидам Наполеон. И мојата амбиција продолжи да расте потоа.“

8. „Разликата помеѓу вистинските и лажните спомени е иста како онаа помеѓу вистинските и лажните дијаманти. Лажните секогаш изгледаат реално и блескаат со најсилен сјај.“

9. „Не плашете се од совршенство. Никогаш нема да го достигнете.“

10. „Одлучив да носам мустаќи затоа што не пушам, а тоа е подобро по здравјето.“

11. „Војните никогаш не повредиле никого, освен луѓето што загинале.“

12. „Доколку се преправате дека сте гении, тоа и ќе станете!“

13. „Поставени како двајца стражари, мустаќите го чуваат пристапот кон мојата личност.“

14. „Тајната на моето влијание секогаш била во тоа што останала тајна.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.