Ласерска епилација – подготовка за третман со д-р Емилија Минова

Ласерската епилација е најмодерниот метод за трајно отстранување на влакната.

Ласерскиот сноп дејствува врз фоликулот на влакното и го уништува од корен. На тој начин оневозможува раст на влакното.

Уште по првиот третман се забележува промена, влакната се проретчуваат до 30%. Потоа, се јавува нова генерација на влакна. Затоа се потребни во просек околу 6 третмани за да се уништат последователно неколку генерации со што се овозможува трајно уништување на фоликулот на влакното.

Непосакуваните влакна по лицето и телото се многу чест проблем кој дејствува фрустрирачки, како за жените, така и за мажите.

Затоа, пред да се одлучите за ласерско отстранување на влакната, треба да се информирате за неколку последователни чекори, како и од потребната должина на третманот заради негова целосна ефикасност.

Подготовка за ласерска епилација

Во подготовката потребно е да се консултирате со дерматолог од ординацијата во која ќе се изведува третманот.

Од него ќе добиете одговор на сите прашања во врска со третманот:

  • како се изведува,
  • колку пати и на кое растојание се прават третманите,
  • доколку е потребно, дерматологот ќе ве упати да направите дополнителни испитувања како на пример хормонален статус.

 

Предупредувања следат доколку:

  • сте алергични на сонце вие не сте подобен кандидат за ласерска епилација,
  • во моментот ако сте на терапија со лекови кои можат да дадат фотоалергиска реакција се советува да се одложи ласерскиот третманот по завршување на терапијата.

Во зависност од видот на ласерот кој се користи во дерматолошката ординација, следуваат и препораки колку е дозволена изложеноста на сонце по изведениот ласерски третман.

Денешните современи ласери не ја оштетуваат кожата по извршениот третман, па следниот ден е дозволено изложување на сонце.

Секако, и да не заборавиме да се придржуваме и на препораката за користење на соодветна медицинска козметика препорачана од страна на дерматовенеролог.

Препорака на аптека ДНА АННИ ФАРМ за нега на кожа пред и по ласерска епилација е медицинската козметика URIAGE.

URIAGE Hyseac серум за лице за мрсна кожа со неправилности 40 мл е концентрат од моќни дерматолошки активни супстанции за третман на неправилностите на мрсна кожа. Резултатите се видливи по 7 дена. Ден по ден, кожата е обновена и сјајна.

Специјалист дермавенеролог д-р Емилија Минова во видеото што следува дава одговор на најважните прашања врзани за подготовката и изведнбата на третманот на ласерска епилација.

За многу повеќе едукативни видеа врзани за здравјето на кожата, кликнете SUBSCRIBE и очекувајте секој петок ново видео.

Видео: Youtube

Фото: Pexels, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.