Стручно лице открива: Правилна нега по третман на ласерска епилација

Советува д-р Емилија Минова

Како правилно да се негува кожата по ласерска епилација и која медицинска козметика да ја користите?

По завршување на третманот, кој најчесто трае од 5 до 10 сесии, или од 4 до 6 недели, лицето кое ви ја вршело ласерската епилација ќе ви даде одредени насоки како да се однесувате, односно како да ја негувате кожата.

Несакани ефекти нема, затоа што ласерската глава има активно ладење и ја штити кожата од било какви можни оштетувања.

Може да се појави мало црвенило или оток, кои се многу ретки, во тој случај се препорачува интензивно хидрирање на самата кожа со медицинска козметика. Тие ќе се повлечат по неколку дена со правилен избор на козметика

Кај другите ласери кои немаат систем на ладење постои ризик од изгореници. Третманот со диодниот ласер треба да го изведуваат високопрофесионални и обучени лица за да не настанат несакани последици.

Само специјалист може да постигне оптимален резултат земајќи ги предвид индивидуалните типови на кожа. Затоа, треба внимателно да изберете каде ќе го правите овој третман.

УПАТСТВА ПО ТРЕТМАНОТ

  1. Кожата може да биде малку црвена – обично поминува многу брзо доколку правилно се третира.
  2. Забрането е да се мие површината на кожата со топла вода веднаш по третманот.
  3. Местата каде што е извршена епилацијата не треба да се изложуваат на сонце, солариум или сауна во првите 2-3 недели. Ако треба да излезете надвор, користете специјална крем со заштита од заштитен фактор не помалку од 30
  4. Уништените влакна постепено ќе излезат и ќе испаднат во текот на следните 3 недели.
  5. Доколку имате потреба меѓу два третмана, треба да се избричите без употреба на восок или крем за депилација.

Ласерското отстранување на влакна е одлична опција за решавање на овој деликатен проблем. Постапката е апсолутно безбедна, безболна и покажува добри резултати.

И да не заборавиме, по овој третман треба да користиме соодветна медицинска козметика која е препорачана од дерматовенеролог.

Препорака на аптека ДНА АННИ ФАРМ за нега на кожа по ласерска епилација е медицинската козметика URIAGE.

URIAGE – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

URIAGE Hyseac серум за лице за мрсна кожа со неправилности 40 ml.

Концентрат од моќни дерматолошки активни супстанции за неправилности на мрсна кожа.

Резултатите се видливи по 7 дена.

Ден по ден кожата е обновена и сјајна.

Многу повеќе за тоа што треба да очекувате по третман на ласерска епилација и како треба да изледа негата на третираната регија дознајте од специјалист д-р Емилија Минова.

Текст, фото и видео: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.